„Мотивирај ме – за да те мотивирам“, е водечкото мото на фестивалот КО-ЕГЗИСТИРАЊЕ, кој се одржува викендов во Кино Култура. Време, простор, поддршка и слобода е она кое им е потребно на младите артисти. Свесни за условите во кои прежуваваат, Ко-егзистирање е еден нов формат под кој артисти од сферата на перформансот, музиката, современиот танц и кореографијата решаваат да си помогнат взаемно и да ко-егзистираат.

„КО-ЕГЗИСТИРАЊЕ е активација која предлага насока за состојба на постоење, проследена од состојба на функционирање, проследена од состојба на анализирање, па така е – состојба на артикулирање“

Кога го погледнав бледо Александар Георгиев, еден од главните иницијатори, и просто го замолив да ми преведе на „нашки“ што кажа пред малку, тој низ смеа ми објасни:

„Денес, ако имаш било каква идеја за перформанс, патот кон реализацијата е полн со препреки. Немаш место каде да вежбаш, треба да платиш на перформери, за да изведуваат нешто со тебе, или само за да ти помогнат, треба светло, сценографија и ред други работи.

Ко-егзистирање е програма која во изминатите две недели им даде целосна слобода на 13 различни артисти од Шведска, Данска, Словенија и Македонија за заедно да соработуваат, разменуваат мислења, споделуваат идеи, да истражуваат и да ко-егзистираат, сè со цел да создаваат.“

 

 

Наспроти веќе познатите формати во целиот свет на едукативни работилници, каде најчесто акцентот е на обуката и каде има конкретна програма и ментори, лабораторијата на Ко-егзистирање е базирана на слободата и интересите на самите артисти.

Мене тоа ми звучи многу сомнително, меѓутоа во просториите на Кино Култура како да царува координиран хаос. Насекаде има интересни млади лица кои прават различни работи во мали групи, но сите се така внесени во својата работа, што имаш чувство дека имаш директен интимен поглед во креативниот процес на создавањето на нешто ново и возбудливо.

 

co_17

co_15

co_13

 

Размислувам така со камерата во раце и сфаќам дека на овие млади луѓе им се доделени две недели слобода, во која имаат сè што им е потребно за да творат. Акцентот на програмата е во продукцијата и создавањето, во взаимното постоење и сонување.

Вечерва и утревечер се резервирани за традиционалната програма на фестивалот, која исто така обединува многу различни изведби. Од Понтус Петерсон, кој работи само лично со еден човек од публиката, до Сесилија Остхолм која изведува имагинативна кореографија во потполен мрак. Вечерва и Драгана Заревска ќе се претстави со нејзиниот проект Телемама, а утре Нефели Икономоу ќе ја претстави својата претстава за кризата.

Целата програма можете да ја погледнете тука.

 

co_12

new_14

 

Comments

comments