Би го заменил ли појадокот и утринското кафе со пијалок кој ги има сите потребни нутритивни вредности + кофеин?

Јас да.

Станува збор за пијалокот Coffiest, чие име константно го бунам со Скопскиот coworking space Coffice – не, не се никако поврзани двете. Coffiest е новиот (ок, да, постои од Август и ние малку доцниме) продукт на Soylent, компанијата која произведува нутритивни пијалоци, чија цел е да бидат замена за храна. Нивното мото е да те ослободат од времето и парите потрошени на оброци – од шетање по маркети, до готвење и расчистување.

Не знам за вас, ама јас губам најмалку 2 саати во денот на замарање со храна. Никако не би го користел производов како замена вкусна храна (оброци наменети за уживање), но ми изгледа како феноменална замена за појадок во денови кога доцнам со сè.

Иако оваквите прехранбени суплементи не се ништо ново (Herbalife со години нуди шејкови кои се замена за појадок), сепак тоа што го нуди Coffice, Coffiest де, е малку поразлично, затоа што (1) е спакувано како ready-to-drink пијалок (не е прашак кој треба да го спремаш), (2) не е диетален продукт наменет да ти помогне да ослабеш, туку е пијалок кој ги има сите потребни состојки за да замениш еден цел појадок (ова вклучува и масти), (3) и „најбитно“, има феноменален дизајн и маркетинг кампања (најголемата причина поради која се наоѓа денес на Reborn), погледни подолу и увери се.

 

 

Многу сакам да го пробам. Молба до дијаспорците кои наскоро доаѓаат од Америка, пикнете 2-3 ако има место во куфер.

 

Comments

comments