Каледиоскоп / Kaleidoscope ’19

 

 

Преку изложбениот концепт „Калеидоскоп“ 2019, Музеј на град Скопје, продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта.
„Релации“ е колаборативен проект на Игор Таневски и Александра Костадиновска , млади артисти од Скопје, кои низ окуларот на сопствените изразни медиуми- просторните инсталации и фотографијата, ја процесуираат својата уметничка естетика, сублимирајки ги одделните уметнички идеи во единствен креативен отпечаток, при тоа создавајќи уникатно уметничко доживување од Ботаничката градина во Скопје. „Релации“ е збир на миговни уметнички слики создадени во процесот на креирањето на просторното уметничко дело интегрирано во природата како сликарска подлошка, врз која преку имагинарната игра на боите,материјалите и прекршувањето на светлоста произлезе фото циклус како nonsite, во кој двајцата автори вградуваат дел од сопствената визија и креативна енергија.

Можноста која Град Скопје, како ко-партнер во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) ко-финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија, ја создаде преку презентацијата на делата на младите креативци од Македонија , уште еднаш со изложбата Калеидоскоп 2019, се докажа дека креативноста е став и вештина присутна кај луѓето, која може и мора задолжително да биде постојано стимулирана, збогатувана и надградувана

 

Јасминка Намичева

Кустос советник
Музеј на град Скопје
КАЛЕИДОСКОП-РЕЛАЦИИ

 

 

Through the exhibition concept “Kaleidoscope” 2019, the Museum of the City of Skopje, continues to represent one of the main priorities of CreArt – a presentation of local creative talents and artists, with their works behind which are various cultural baggage and views.
“Relations” is a collaborative project by Igor Tanevski and Aleksandra Kostadinovska, young artists from Skopje who, through the eyepiece of their own express media – spatial installations and photography, process their artistic aesthetics, subliming individual art ideas in a unique creative imprint, thus creating unique artistic experience from the Botanical Garden in Skopje.

The possibility that the City of Skopje, as a co-partner in the CreArt project, co-financed by the Creative Europe program of the European Commission, created through the presentation of the works of young creators from Macedonia, once again with the exhibition Kaleidoscope 2019, creativity has proved to be the attitude and skill present in people, which can and must be constantly stimulated, enriched and upgraded.

Jasminka Namicheva
Custodian counselor
Museum of the City of Skopje

Comments

comments