Преку изложбениот концепт КАЛЕИДОСКОП III, Музеј на град Скопје, продолжува да застапува еден од основните приоритети на CreArt –презентација на локални креативни таленти и уметници, со нивните дела зад кои стојат различни културни багажи и гледишта. Третото по ред реализирање на КАЛЕИДОСКОП III 2020год. се состои од самостојната изложба на Филип Ивановски Пепе насловена ГОБЛЕНИ и видеозаписот од аудио-видео проектот на Wax Revival насловено WAX PRESERVATION SOCIATY.
Филип Ивановски Пепе е млад визуелен уметник роден во 1993 год. во Скопје, Македонија. Студиите по вајарство со сценографија ги завршил во 2015год. на Универзитетот „Св.Кирил и Методи” Факултет за ликовни уметности- Скопје. По дипломирањето работел на сценографии во Македонскиот народен театар и учествувал на групни изложби.

 

Од 2018год. Пепе почнува да равива дела преку испреплетување на пластични ленти сечени од најчесто зелени пластични шишиња со кои градел површини и текстури. Истиот пристап го применил со сечење амбалажи од лим и сечење на алуминиумски ленти, додека во комбинација со цемент, моделиран стиродур, обработен гипс, сликани објекти и др. Ивановски создава 7 етапи под насловот ГОБЛЕНИ.
За Авторот самото општество е едно големо уметничко дело, дело во кое секоја единка придонесува креативно на свој начин. Како на пример, собирањето на пластични шишиња, кое првично започнува неформално, се до согледувањето на патот на нештата, кога потоа собирањето шишиња станува приоритетно. Илјадници исечени и испреплетени шишиња стануваат носечки материјал во делата, за кои многу големо учество имаат пријателите и опкружувањето, тие беа дел од процесот, континуирано до крајот.
Пепе преку неговата имагинација и спонтаност наративно не води низ содржините на: Првиот грев преку сликаниот објект Атанас и Славица ; Трагите од некое постоење во отпечатоците на Цивилизација I ; Приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во Изгубени работи ; Новата ера на одржување односи и врски преку Муабет ; Како гледачи не поставува над „високите“ згради со поглед кон Град за птици ; Трагите од некое идно постоење, испреплетени и вметнати во Цивилизација II ; Додека на крајот вниманието е локално и упатува на социалјните теми кои обележуваат еден период, со не случајно поставени елементи во Coup D’état.
Сметам дека темата и суштината се најбитниот дел кај едно уметничко дело, поради што во мојата работа не практикувам преференции кон конкретен материјал и техничка изведба, односно ги користам моите акумулирани уметнички пракси и технички познавања во прилог на соодветно артикулирање на мојата порака или реакција.- Ф. И. ПЕПЕ
Од тука низ ГОБЛЕНИ согледуваме користење на сликана геометриска шема, елементи како одпечаток од стапка на мамут, одпечаток на човечко стапало, одпечаток од патика и трага од гума на автомобил и од стапка на вонземјанин, преку подготвена смеса од цемент, гипс и др. Комбинирање на готови предмети како: слушалки, далечинско, обетка, чорап, шише за сапун, свирче со ланец, мал декоративен авион и моделирани и насликани елементи како на пр. еклер, знаковни елементи како заклучен пристап до интернет мрежа и симбол за истрошена батерија. Моделирани и насликани објекти на емотикони во најразлични димензии. Објекти изработени од комбинирани материјали како стилизираните замислени згради, вселенско летало со астрономска карта, мапи изработени од цемент во позитив и негатив, и метална корпа со одбрани и моделирани отпадни материјали. Сите симболи и концепти кои се проткајуваат низ елементите ги гледаме заробени во густата гамата на најчесто зелени, бели, кафени, боени и горени пластични ленти и патинирани алуминиумски и лим ленти.
Преку артифициелната мрежа, бујните текстури и површини во ГОБЛЕНИ сегледуваме една спонтана игра со различни ликовни јазици, медиуми и маријали кои Пепе ги комбинира и филтрира преку доста сериозен и темелен пристап во обликувањето. Додека преку содржините и концептите кои ги проткајува во делата остава една отворена ситуација на асоциации, кои сигнализираат на современието, будат чувства и поставуваат прашања за поврзувањето на тековните, глобалните и локалните теми.
Проширување на границите на естетското искуство и социјалните теми со едно око во сегашноста а друго кон иднината со цел да потикнам промена која ќе го инспирира човештвото кон нови хоризонти. Ф. И. ПЕПЕ
Игор Таневски
Скопје, 2020год.

 

 

Можноста која Град Скопје, како ко-партнер во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation) кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија, ја создаде преку презентацијата на делата на младите креативци од Македонија. Уште еднаш со КАЛЕИДОСКОП III 2020год., се докажа дека креативноста е став и вештина присутна кај луѓето, која може и мора задолжително да биде постојано стимулирана, збогатувана и надградувана.

 

Галерија од отворањето

 

Comments

comments