Сите графички дизајнери, со претходно искуство и работа во некој од софтверите на Adobe, може да аплицираат за стипендија од 500 или 1000 ЕУР на Академијата за графички дизајн на Creative Hub.

Пријавувањето на конкурсот може да се направи преку мејл на contact[at]creativehub.mk или телефонски на 071 214 849, со што ќе добиете и можност да го тестирате своето знаење во еден од Adobe софтверите. Тестирањето се одвива во просториите на Creative Hub.

Ова е четврта по ред Академија за графички дизајн на Creative Hub, а програмата вклучува обики за Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, но и предмети во кои се развива креативната мисла како Creative Advertizing, Branding, Photography. Од овој семестар на академијата се учи и 3Д графика.

Creative Hub не е само Академија, туку искуство низ кое учесниците покрај Академијата, имаат можност да слушаат и визитинг предавања од познати графички дизајнери, да учествуваат бесплатно на културни настани кои ги организира центарот, но и да добијат платена пракса од времетраење од 3 месеци по студирањето.

Повеќе информации за програмата може да најдете тука.

Comments

comments