Секоја пролет си велам дека оваа година баш, нема да фоткам цветови. Нема. И нема да купам парче облека со цветен принт.

Оваа година, доследна на таа традиција, повторно се одреков од фотографирање цветови и така смирена излегов на убавото мартовско сонце. Конечно ми беше доволно топло да не шетам закопчана до гуша, денот почна убаво, музиката од слушалките ми се погоди – и тогаш го здогледав. Првото расцветано дрво кај мене во маало.

 

DSC_5173

 

Нежни, мали, убави, пастелно розеви цветови кои личеа како и самите да уживаат во сонцето. Безобразни. Пред да се свестам веќе имав исштракано 5-6 фотографии со телефонот. Некои завршија на инстаграм. Повторно бев поразена. Но, не беше сè изгубено. Сè уште немав извадено апарат, немав купено парче облека со цветен принт. I got this, now!… И не особено.

 

DSC_47711

 

Првиот слободен ден што го имав, се предадов и отидов во парк наоружана со кафе и теле-објектив на апаратот. Остана уште цветното парче да го купам, па да можам да признаам целосна капитулација и оваа година.

Во чест на малите, шарени и весели убавици кои ни ги красат градовите ова време од годината, еве една мини пролетна галерија.

 

Comments

comments