Спонзорирано од Vip

 

Electronic Dance Music (музичкиот правец познат како „EDM”), веќе неколку години е во пораст со поприлично спектакуларна динамика на светската сцена (а еве веќе и кај нас локално) станува многу релевантна суб-култура за поновите генерации.

За тимот на Reborn, 2016та заврши со едно „патување” во сржта на локалната EDM и Трап култура, каде што овој феномен го доживеавме со наши очи. Настанот на кој бевме присутни, (според публиката и коментарите на социјалните мрежи) е прогласен како најуспешниот Trap Da F@*k Up (TDFU) до сега. На концертот, гледавме трап артисти како Eurotrvsh, Druggy, и Irie Scratch, а и EDM ДЏи како групата Cyrillic.

Бевме позитивно запрепастени од енергијата која владееше во МКЦ. Околу 1000 луѓе скокаа (едно 4-5 часа) „заробени” од ДЏската магија. Тие што не беа дел од таа вечер, веројатно веќе го изгледаа клипчето од Mannequin Challenge (меникин чаленџ) и отприлика имаат каква-таква претстава за тоа што се случуваше таа „кобна” вечер. После изгледај го уште еднаш и ако убаво се задлабочиш ќе го видиш тимот на Reborn, некаде на крајот на реката од луѓе, замрзнати како и остатокот од публиката. 100% влезени во филм.

 

Mannequin Challenge на Trap Da F@*k Up! // 24.12.2016

 

За постарите читатели кои можеби не се толку добро запознаени, Mannequin Challenge како интернет тренд, започна пред неколку месеци по иницијатива на неколку средношколци од Америка, кои позираа како кукли од излог (т.е. mannequins), а прерасна во глобален феномен во кој учествуваа и некои од најпознатите спортисти (Christiano Ronaldo), музичари (Paul McCartney), па дури и политичари (Hillary Clinton). Дури и астронаутите од Меѓународната Вселенска Станица не можеа да му одолеат на предизвикот.

Mannequin Challenge, како најнова интернет сензација, е на еден начин и одлична симболика или метафора за овој нов бран на електронска музика. Инспириран од насловот на еден од највлијателните албуми на електронската музика од моето детство, „Music for the Jilted Generation” од Prodigy (издаден во 1994), јас би ја нарекол новата EDM сцена како „Music for the Meme Generation”.

На истиот начин како мемињата, така и EDM го разниша интернет просторот. Денес сме сведоци на многу ремиксови на постоечки песни и ремиксови на постоечки ремиксови каде секој пат продуцентите додаваат по нешто различно, ново и креативно на основата – со цел да направат продукт кој ќе допре до што поголема маса на луѓе (како и еден успешен Meme, ќе стане вирален).

Mannaquin Challenge-от на последното TDFU ни ја демонстрираше моќта на ваквите вирални феномени и како тие можат да обединат една поголема маса на луѓе. Со сигурност можеме да заклучиме дека не сме виделе толку обединета публика како таа вечер во МКЦ – тоа што го гледате на видеото е спонтано, без проби, без планирања. Едноставно се случи. Like magic!

Сакавме да ги запознаеме господата одговорни за видеото кое го „сруши” македонскиот интернет простор со, сега за сега, 500.000 гледања на Facebook. Така стигнавме до Cyrillic. Двајца браќа, Андреј и Бојан од Прилеп кои веќе две години заедно ја градат својата публика преку ремикси на македонски хитови од познати поп артисти како Елена Ристеска и Сара Мејс.

 

Андреј и Бојан (aka Cyrillic) во студио со Reborn

 

Честито за настапот на TDFU и виралното видео од вашиот Mannequin Challenge! Кои се вашите импресии од настанот?

Пред се Ви благодариме за комплиментот. Ух, па искрено уште сме еуфорични, првите импресии ни беа уат д фак хепнд. Тоа баш си разговаравме меѓу себе дека ова ни е еден од најдобрите, ако не и најдобар настап до сега. Луѓе со насмеани лица и позитивна енергија насекаде. Човек едноставно да посака секогаш да има таква публка на настап. Big up за Trap Da F@*k Up! и организаторите Дарко (Irie Scratch) и Драган (Druggy) се беше top-notch.

 

Како дел од TDFU, дали тоа значи дека би го класифицирале вашиот стил на музика како Трап, или пак нешто друго?

Па не, стилот на музика кој што го пуштаме може да се класифицира како електро/прогресив/бигрум хаус таков ни беше и сетот на TDFU. Уствари и идејата на организаторите поради која и ние бевме дел од TDFU беше да се внесе разноликост во стилови за да не се засити публиката од само еден стил на музика. Мислам дека можеме и малку нескромно да кажеме дека одлично се реализира таа идеја.

 

Трап, како култура и движење нè потсеќа на тоа што беше Рејв пред 15-20 години. Лично мислам дека како сцена (особено локално во Македонија) е на самиот почеток и дека тек ќе расте затоа што има публика и има потенцијал. Имате ли коментари околу ова?

Па реално гледано електронската музика (EDM) во последните 6-7 години доживува огромна експазија на глобално ниво, а Македонија е во чекор со сите тие случувања.

Гледајќи од тоа што се случуваше на TDFU и општо од клубските настапи што ги имаме низ Македонија, можеме со сигурност да кажеме дека на овие стилови на музика им претстои светла иднина тука, од каде што допрва ќе се појавуваат нови артисти што ќе ја негуваат таа култура локално и ќе ја промовираат надвор од Македонија.

 

Trap Da F@*k Up! // 24.12.2016

 

Имате ли поддршка од вашите дома? Присуствуваат ли родителите на вашите настап? И? Што викаат?

Нашите дома можеме комотно да кажеме дека ни се најголеми фанови, имаат големо разбирање за ова што го работиме и ја имаме нивната целосна поддршка, а тоа е мислам најбитно нешто што еден артист може да го посака за да може да се развива и напредува. Нашите се во генерација која е растена со Рок и Реге музика, но не им требаше многу време за да ја засаакаат нашата музика (нормално кога им ја пушташ секој ден, нон стоп на максимум, хаха). Па да, присуствувале на неколку наши настапи. Еве сега последно баш беа на TDFU и сè уште ги држат импресиите како и сите нас.

 

Како почнавте? Што ве привлече кон овој стил на музика? Што слушавте пред тоа?

Андреј: Со продукција на музика започнав на 14 години кога моите ми го купија првиот компјутер. Најпрво како експериментирање со програми како Magix Music Maker и E-jay Dance кои работат на принцип редење на блокови од веќе снимени цели ритмички и мелодички фрази и градење на една цела мелодија, за да потоа навлезам посериозно и се префрлам на FL Studio програма на која што и ден денес работам.

Најпрво почнав со продуцирање на хип хоп битови бидејќи во раните тинејџерски години бев опседнат со хип хоп музика, за да постепено тоа еволуира и да почнам да продуцирам електронска музика во годините кога почнав да излегувам во клубови и полека се заљубував во клубската музика.

Бојан: Како ДЏ почнав пред 6 години да пуштам музика самостојно по кафулињата низ Прилеп, па пред отприлика 2 години се решивме со брат ми да ги здружиме силите и да го формираме Cyrillic.

Уште од почеток почнав со пуштање на electro house музика, па со тек на време како еволуираше и како доаѓаа новите правци во електронската музика, се прилагодував.

Енергијата и мелодичноста што ја има во овој стил на музика, ме навлече да ја слушам пред се, па потоа и да ја миксам. Пред тоа бев дете и немав некој одреден стил на музика што слушам, најчесто го слушав тоа што брат ми го слушаше како на пример: реге, хип-хоп итн.

 

Trap Da F@*k Up! // 24.12.2016

 

Веќе напоменавме дека EDM е светски феномен. Според вас, што е тоа што ја прави оваа музика толку популарна за помладите генерации? Што се има сменето? Што е различно од тоа што беше хит претходно?

Електронската музика може да се каже дека е „rock n’ roll“ на новото време, интересна за младите, а несфатлива за постарите. Новиот звук, енергичноста која ја носи во себе, емоцијата и љубовта која ја шири е причина за толку многу да е прифатена и да доживува толкава голема експанзија моментално.

Се имаат сменето многу работи, паралелно со тоа како напредува технологијата се менува и музиката и тоа е многу природна работа, ако направиме една ретроспектива наназад музиката многу еволуирала што е добра работа, во спротивно ќе ни беше здосадена од едните исти звуци.

 

Кажете ни повеќе околу креативниот процес. Како спремате една песна?

Убавината на електронската музика е во тоа што нема ограничувања за тоа како треба да изгледа една песна и со тоа дава огромна слобода при креирањето на истата. Најбитно од се тука е да си доволно наслушан електронска музика, па и било каква друга музика, и да им веруваш на инстиктите.

Кај нас секоја песна си е приказна сама за себе и се е во зависост од тоа каква инспирација имаме во моментот. Некогаш се случува да започнеме песна со ритам секција (тапани и бас) па на тоа додаваме мелодија и развиваме идеја, друг пат може и обратно, или пак да се инспирираме од вокал и од тука да почнеме со развивање на идејата.

Односно, се започнува во главата пренесно преку миди клавијатурата во компјутерот.

 

Cyrillic @ Trap Da F@*k Up! // 24.12.2016

 

Сте присуствувале ли на EDM фестивал надвор од МК (како настапувачи, а и како публика)? Ако да, споделете некои импресии.

Како изведувачи до сега, за жал не сме настапувале надвор од Македонија.

Огромна желба ни е и кон тоа се стремиме, цело време музиката што ја продуцираме да се чуе во белиот свет, а со тоа се надеваме дека ќе си дојдат и настапите надвор од нашата држава.

А како публика сме биле на неколку фестивали кои што ја негуваат електронската музика, како на пример баш ова лето присуствувавме на Sziget Festival во Будимпешта каде што настапуваа имиња од електронската фела како: The Chemical Brothers, David Guetta, Hardwell, Afrojack, Noisia, Zedd, Dillon Francis, Dyro, Laidback Luke… исто така сме присуствувале и на Ultra Music Festival во Сплит, Warrior Dance Festival во Белград итн. од каде што секогаш сме се враќале со позитивна енергија и огромен мотив за работа за да еден ден и ние се најдеме на некоја од тие големи сцени.

 

Кажете ни нешто повеќе за вас лично. Кои се Андреј и Бојан? Што правите надвор од Cyrillic?

Андреј: Настрана од Cyrillic сум студент на факултетот за Менаџмент на Организација во Битола (уште малку до дипломирање, fingers crossed :). Често спортувам, ја сакам природата, патувам колку што можам… секојдневно слушам музика бидејќи тоа е нешто што ме инспирира, мотивира и води низ животот.

Бојан: Момак 23 години, студира во Битола на Техничкиот Факултет, во слободно време е доста активен на фудбалските терени, се дружи со другарите/пријателите, следи светски трендови на електронска музика и е љубител на музички фестивали и концерти.

 

Comments

comments