Последен ден на Д Фестивал. За оваа година.

Се сретнавме во петокот, налетавме едни на други и вчера. Денес е последен ден, последна шанса за дружба. Последна шанса за дружба на Д Фестивал.

Ние денес идеме на:

 

[11.30] Олимпијада за млади // Спортска зона

Квиз за општа култура, квиз за организации, куглање со топка, ракомет со топка и гол, и игра за погодување на музички изведувачи.
13679928_994233547341626_7993561581787111763_o

 

[13.00] Како да ја дизајнирам својата градина // ПлоштАрт

Прикажување на елементите и принципите на пермакултурата за упатување кон одгледување на сопствената храна. На интерактивен и интересен начин со употреба на пермакултурните методи, низ куса презентација и фотографии ќе ги увидите разликите и сличностите меѓу неодржливо (конвенционално) градинарство и пермакултурата (одржливо градинарство). Дојдете и учествувајте во редизајнирање на сопствена, идна или постоечка градина. Се што ќе сработиш е твое на крајот!

 

[22.00] Чиста Околина // Main Stage

Со настапот на Чиста Околина, на Д Фестивал ќе одекне урбаниот звук на Скопје, граден врз темелите на рап музиката и химните како „Јас сум шеф“, „Пуздер”, „Одамна на векот“, но и новиот материјал на бендот – сингловите „Изморена авангарда“ (2014) и „Си играме со рапот“ (2016). Секогаш неконвенционална, дури и за рап музиката, со концепт што ги надминува рамките на жанрот, групата Чиста Околина во својата основа е своевидно движење кое постојано еволуира, задржувајќи ја искреноста како свој творечки императив.

 

13691112_994233974008250_5714060493146924241_o

 

[23.55] SIGMA // Main Stage

Со интернационална мултиплатинеста продажба, диџеј тандемот Sigma своите синглови за само една година ги распродаде во тираж од речиси 2 милиони, со 4 изданија на врвот на листите и 2 платинести награди. Ако името не ти звучи познато преслушај ја песнава сигурно ги знаеш.

 

[01.00] GOLDIE // Main Stage

Goldie во својата 20-годишна кариера остави длабока трага, не само како музичар, туку и како графити уметник, продуцент, диџеј и актер. Тој и понатаму е најпознат по безвременската класика Timeless – еден од 50-те највлијателни албуми во историјата на електронската музика.

 

Comments

comments