Фотографии: Елена Фиданска

 

Задоволството на запознавање на успешен спортист е уште поголемо кога станува збор за оригинална дисциплина како што е фрлањето диск.

Дафина Настеска е неверојатно инспиративна приказна. Таа има само 17 години, а од свои 15 се занимава со фрлањето на диск, дисциплина која ние (наречи не игнорантни) воопшто не бевме свесни дека се практикува во Македонија.

Минатиот викенд имавме прилика да се запознаеме подобро и да поминеме едно претпладне со Дафина, кога таа ни приготви протеински вафли со Herbalife24 протеински прашок, по што малку се забавувавме (погледнете ги фотографиите на крај) измислувајќи нова фрлачка дисциплина – „Дафина фрла протеински вафли, додека Диме и Бане се натпреваруваат кој ќе ги фати“.

Интервјуто со Дафина во продолжение веруваме дека ќе послужи како одлична инспирација и пример за сите силни девојки и жени кои ги пишуваат своите оригинални животни стории.

 

 

Дафина, кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци како спортист. Кога за прв пат започна со фрлање диск? Како дојде до тоа да избереш толку специфичен и прилично непознат спорт за нашата публика?

Моите спортски почетоци датираат од 2015 година. Растев како „полничко” дете со желба да имам килограм помалце и да имам поубаво тело. Од мојата другарка што прекрасно изгледа разбрав дека тренира во атлетски клуб. Првите тренинзи во атлетскиот клуб беа тренинзи за трчачки дисциплини, меѓутоа тренерот во мене откри потенцијал за фрлачки дисциплини, а тоа за мене беше уште поинтересно. Во фрлачките дисциплини се истакнав во фрлањето диск, но покрај тоа фрлам копје и ѓуле.

 

Колку често и каде тренираш? Дали си дел од клуб? Како изгледа еден твој тренинг?

И ден денес сум член на клубот „Стеваноски” каде што започнав, под раководство на најстариот тренер во нашата земја Ѓорѓија Гешоски и помладиот тренер Миле Тренчески (поранешен фрлач). Бројот на тренинзите е променлив во зависност од временските услови и претстојните натпревари, а исто така се менува и нивниот интензитет. Експлозивноста што е неопходна за фрлање на диск ја надополнувам со тренинзи во теретана. Еден тренинг се состои од вежби за загревање, трчање, џогирање по скали, разни скокови, усовршување на техниката и вежби за истегнување.

 

 

Имаш ли досега учествувано на меѓународни натпревари? На кои поточно? И дали имаш планови за блиска иднина да учествуваш на некој натпревар?

Редовно учествувам на државни натпревари на кои што го освоив државниот рекорд во фрлање диск за пионери. Истовремено се класифицирав во македонската атлетска репрезентација каде што учествувам на меѓународни натпревари и балкански првенства (Истанбул и Коња во Турција и во Романија). А сега се подготвувам за сезоната што претстои.

 

Кои се, според тебе, најинтересните моменти во фрлањето диск? Кои се 3-те причини кои би му ги кажала на некој, кога би сакала да го убедиш дека вреди да почне да се занимава со овој спорт?

Огромно е задоволството што многу кратко трае и немаш „finish lines”. Станува збор за претходно вложен труд, напор во тренинзи за да постигнеш најмногу што можеш во неколку секунди. Покрај задоволството за постигнатиот успех имаш гратис прекрасно атлетско тело. 🙂

 

 

Како се одржуваш во топ физичка форма? Дали можеби се занимаваш и со некој друг спорт? Кажи ни нешто повеќе за начинот на кој се храниш и на што (најмногу) внимаваш?

Како што претходно спомнав често посетувам и теретана. Внимавам со што се хранам, преферирам протеини но си дозволувам и „junk food”.

 

Но мора да признаеме дека – омилен дел од дружењето со Дафина ни беше припремањето и јадењето на протеинските вафли. Подолу можеш да видиш како тоа изгледаше, а за целосен рецепт за вафлите провери тука.

 

 

 

Крајниот резултат изгледаше вака: Протеински вафли со путер од кикирики и малини.

 

 

А откако добро се најадовме, сакавме да пробаме нешто, за што се вративме на стадионот за да видиме дали вафлите летаат добро колку што се вкусни.

 

 

Бане победи.

 

///

Овој текст е дел од серијалот на написи направен во партнерство со Herbalife24, во кој споделуваме профили на локални успешни спортисти. Herbalife24 е линија на 7 нутритивни продукти чија цел е овозможување на 24-часовна поддршка на спортистите, односно на комплетна нутритивна поддршка соодветна за конзумирање пред, за време на и после вежбањето.

 

Comments

comments