Ако на асоцијации ми се паднат Daft Punk за објаснување, прво на кое без дилема ќе помислам се легендарно-фантастичните кациги.

За сите оние што не следат од самиот почеток на Reborn сигурно ја препознаа нашата опседнатост со Daft Punk – роботите беа и дел од нашата „Reborn launch party”.

Муабетот за носењето на некаква направа за прикривање на идентитетот датира уште од 90ите, кога Guy-Manuel и Thomas (двајцата членови на Daft Punk) експериментирале со разно-разни маски. Денешниот изглед на кацигите се оформува во периодот пред издавањето на нивниот албум „Discovery” од 2001 година. Од тој момент решаваат како конечно решение да го присвојат изгледот на роботи. Овој концепт ги води до Tony Gardner и компанијата за специјални ефекти Alterian Inc., кои се креаторите на нивните фамозни кациги. Погледнете го краткиот документарец кој ќе ви каже нешто повеќе за историјата на кацигите.

 

Daft Punk: Behind The Helmets Историјата зад легендарните кациги на Daft Punk

Posted by Reborn on Thursday, January 28, 2016

 

Иако многумина се обидоа да создадат достојни реплики на оригиналот, Greg Santacruz успеа тоа да го изработи на перфектен начин. Повелете галерија на фотографии од неговиот процес на изработка.

 

Галерија

daft-punk-helmet-2 daft-punk-helmet-3 daft-punk-helmet-4 daft-punk-helmet-5 daft-punk-helmet-6 daft-punk-helmet-7 daft-punk-helmet-8 daft-punk-helmet-9 daft-punk-helmet-10 daft-punk-helmet-11 daft-punk-helmet-12 daft-punk-helmet-13

daft-punk-helmet-15

 

Comments

comments