Фотографии: Александра Костадиновска

 

Пред неколку недели се преселивме во нови канцеларии.

За разлика од минатите, овие се прилично големи. Што нè радува од најмалку две причини: (1) ќе може да се шириме и растеме, и (2) повеќе простор значи поголем предизвик за уредување.

И додека ги гледаме и се лигавиме на совршените канцеларии на Сан Франциско стартапи, нашите простории се осудени скоро целосно да зависат на нашата инвентивност и DIY вештини, наместо на милионите на нашите непостоечки инвеститори. Ова значи дека ќе се трудиме да добиеме што посилен ефект, за што помалку вложени средства.

А бидејќи сме свесни за скромните почетоци на повеќето македонски стартапи и млади фирми, со цел да ги споделиме нашите идеи кои можеби и на некој друг ќе му бидат корисни, во наредниот период ќе објавуваме текстови од различните фази на уредувањето.

Овој мини-серијал сега го започнуваме со првата работа која ја направивме после влегувањето во новите простории – планирање на добра комбинација тапети од Dagg.mk. Местењето на тапети на почетокот ни предизвикуваше морници, но набрзо сфативме дека може да биде многу брзо и едноставно.

 

Фотографија од ѕидот во нашата канцеларија пред поставувањето на тапетите

 

 

Чекор 1: Бирање на дизајн

Беше ужасно тешко да се одлучиме за тапет. Иако поминавме саати во скролање на сајтот на Dagg (може како од пушка да го изрецитираме редоследот на сликите), не успеавме да се одлучиме. Во процесот на одлучување, што траеше подолго од што сакаме да признаеме, направивме и Инстаграм гласање со кое ве прашавме вас за мислење. После тоа, конечно имавме победник.

 

 

 

Чекор 2: Мерење

Откако конечно се одлучивме, следен чекор беше да ги викнеме дечките од Dagg.mk да го измерат просторот.

 

 

 

Чекор 3:  2-3 дена чекање да се испринтаат тапетите

Најтешкиот момент од овој чекор е менталната тортура која ќе си ја само-нанесеш, прашувајќи се „Дали го направив вистинскиот избор?“, „Дали тапетите што ги избрав воопшто ќе одговараат со останатиот дел од мебелот?“… 

Во справувањето со овие прашања многу ни помогна тоа што Dagg.mk секогаш при избирањето на тапет испраќаат слика од како ќе изгледа финалниот продукт. Најпрвин ние им испративме фотографија од голиот ѕид, а тие ни вратија фотошоп-верзија од тоа како ќе изгледа ѕидот со тапетот кој го избравме.    

На овој начин испробавме неколку верзии, за на крај да се увериме дека изборот кој го направивме е вистинскиот. Мирно спиевме таа вечер.

 

 

 

Чекор 4: Поставување на тапетите

По неколку дена од мерењето, екипата на Dagg се врати за да го намести спремниот дизајн.

 

 

 

Бонус: Спасивме и парче мебел

Комодата која стои пред ѕидот (види ја првата слика погоре), најпрвин планиравме да ја тргнеме од канцеларија – не ни се допаѓаше баш… стара е и не изгледа добро.

Но во еден момент добивме генијална идеја! Зошто да не пробаме да ја освежиме со додавање на тапет и врз неа? Првин сакавме тоа да биде истиот тапет кој ќе го искористиме на ѕидот, но потоа сфативме дека ефектот ќе биде уште посилен доколку на неа ставиме нешто што ќе биде целосна спротивност и контраст на бојата и дизајнот на големиот тапет. Се одлучивме за овој.

 

 

 

Чекор 5: Наоѓање на инспирација во успешно завршениот проект и спремање за следниот

Voalá! Боговите на дизајн на ентериер беа на наша страна овој пат. Првата фаза може да ја прешкртаме како успешна!

Следно во план ни е да правиме DIY табла за пишување од плексиглас, држач за списанија и да ги префарбаме работните маси. Следи нè периодов доколку и ти си опседнат со внатрешно уредување, а буџетот ти е нешто помал од милион.

 

Comments

comments