Jack White и Alison Mosshart спремаат нов албум во склоп на нивниот заеднички проект – The Dead Weather.

Мора да е нешто опако и дрско. Dodge and Burn е новото „чедо”, по издавањето на Sea of Cowards во 2010. Деновиве се појави и еден лајф перформанс за нивниот последен сингл насловен како „I Feel Love (Every Million Miles)”. Спремни сме за рокање светови!!!

Интересен факт: The Dead Weather се Jack White (White Stripes и The Racounters), Alison Mosshart (позната како VV, едната полoвина од The Kills, вокал), Jack Lawrence (AKA Little Jack или LJ, басистот на The Greenhornes и на The Racounters) и Dean Fertita кој е позајмен од QOTSA, гитарист и на клавијатури. Добар микс!

 

Comments

comments