Кога танчерот излегува на сцена, синхронизиран со музиката и чувствата, внатрешноста и надворешноста, раскажува приказна за која зборовите се тотално непотребни. Нивната алатка е телото кое им е слободно и „гласно”.

Но за да биде уште погласна пораката и експресијата, нашите Битрикс кои веќе неколку години се од главните актери на хип-хоп сцената и модерниот танц, направија танцова претстава и успешно ги споија танцот и театарот. Доколку сте љубители на танцот, театарот или па двете, совршена прилика ќе биде ваков тип на спој од уметности да проследите во среда, 8ми јуни во 20:00 во Гаражата „Македонска Фаланга“.

 

dab9cebf-91a1-4bd2-89ae-0f8969555e5d

 

Станува збор за нивната втора претстава наречена „Делови“. Претстава каде во парчиња од петнаесет минути, секој од нив на свој начин раскажува сопствена приказна.

Тие обработувајќи различни теми, и служејќи се со различни концепти и приказни, како и различни методологии и техники, создадоа еден мултимедијален проект кој се надеваат дека нема да ги остави рамнодушни гледачите.

 

7c03f616-2e93-46e0-bced-6b9e430bb4e5

 

Трите дела во претставата и тоа: Леонардо Хусеини – КОНЕКТ; Дејан Битрвоски – П.А.Н.Г.Т.Е.О и Ивана Балабанова – (3/∞) се создадени преку еден процес на заедничка соработка и комуникација, при што кореографите користејќи ги телата на танчерите како медиум, ги искажуваат своите емоции на среќа, возбуда, тага, револт, огорченост, осаменост и сплотеност.

 

Comments

comments