Затоа што шведската храна е повеќе од вкусни ќофтиња во Икеа.

Од 7-ми до 16-ти јуни во Дистрикт бар и ресторан во Скопје ќе се одржат „Деновите на шведска храна“. По тој повод, претчуствувајќи дека како и сè друго од скандинавско потекло така и шведската храна сигурно е неверојатна, ја поканивме Соња Тодорова – готвач во шведската резиденција во Скопје да ни каже нешто повеќе на темата.

Соња, која во 2016 на првиот меѓународен натпревар за готвење во Македонија освои златни медали во 3 категории, е извонреден кувар обучен од Магнус Албректсон. Доколку ова моќно име не ти кажува многу „на прва“, тогаш треба да знаеш дека Албректсон е еден од ретките готвачи кои ја имаат приготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда.

 

Comments

comments