Скопје и фестивали е еднакво на згодно. Згодно како Катерина Ивановска на Инстаграм. Згодно како блага есен. Пријатна клима во ноември. Шеткање дотеран по сако цел ден, со мислата дека од следна година злобните европјани ќе не натераат да си го продолжиме денот за еден час повеќе. Кому побогу му треба еден час светлина повеќе во денот?

Светлина? Ок, нам ни треба. А фестивалите ги доживувам како сноп светлина врз темната површина на моралната корумпираност на нашето општество. Што повеќе светлина, тоа подобро. Во последно време имаме по два фестивали неделно и секако не сите се сјајни, но Desonanz е дефинитивно од оние кои штрчат за глава од останатокот.

Како по свежината и оригиналноста на артистите/културата кои ги застапуваат, така и по борбеноста и издржливоста – ете ова е јубилејно 10то издание на фестивалот. Desonanz главно третира алтернативна електронска култура, а од купчето фестивал(чиња)и од тој тип се разликува по тоа што ја третира како уметност, пред се вадејќи ја од контекст на клубот (како најлесен полигон за електро-играрии) и ставајќи ја во простори каде акцентот е врз опсервација и едукација.

Ете оваа година, освен клубот Епицентар, Desonanz се одвива и во Македонска Филхармонија, Музеј на Град Скопје и Отворено Графичко студио. Нивната амбиција јасно се огледува преку фестивалската најава, која ја пренесувам интегрално: „Квалитет и Контекст. Современата музика ја достигна сингуларноста, точка во која сите жанрови, сите инструменти и сите звуци сочинуваат една Музика. Кога аналогното станува дигитално, електронското станува акустично, кога панкот е диско, класичната музика е метал и тишината е инструмент, единствените два критериуми кои се битни за музиката се Квалитет и Контекст. Водејќи се по овие два принципи, програмата на Desonanz Festival 2018 е богатство од врвна музика од широк спектар на жанрови, внимателно селектирана и ставена во контекст кој го вади најдоброто од уметноста.

Овој Desonanz ќе имаме можност да посведочиме две легенди на мултимедијалната уметност како даваат нова свежина на векови стари симфонии, да видиме масивна видео инсталација како го краси клубскиот подиум, да ги чуеме премиерно новите проекти на некои од најголемите имиња на македонската музика и да ги одиграме најновите берлински хитови во клуб со огромен звук. Фрлете поглед во целосната програма на фестивалот, кликнете на корисните линкови, дознајте кого имаме во градот деновиве.

Убавината, прогресот и релевантната култура не доаѓаат со „големите“ имиња, него со љубов, посветеност и трпение.

 

Среда (31 октомври)
20.30 часот, гала концерт и свечено отворање на Desonanz во Македонска Филхармонија

Настапуваат: Fennesz + Lillevan present Mahler RemixedCummi Flu & Raz Ohara и Kokan Dimushevski Private Music.

После настапите на погореспоменатите артисти следува проекција на видео инсталацијата „Polymath“, проект на 0 Kolor во соработка со AAAAAA – Untitled I. Вечерта продолжува со презентација на македонскиот производ Dwr, еден од најдобрите аудиофилски грамофони кои постојат на оваа планета. Првиот ден од Desonanz завршува со видео инсталацијата 10 години Desonanz, проект на 0 Kolor.

 

 

Петок (2 ноември)
22.00 часот, 10 години Killekill Berlin, клубска вечер во клубот Епицентар.

Настапуваат: Eomac, Furfriend (Live), DJ Flush и Rikaloski. Во склоп на настапите ќе биде презентирана видео инсталацијата „Polymath“, проект на 0 Kolor.

 

 

Сабота (3 ноември)
20.30 часот, концерт „A Night at The Museum“ во Музеј на град Скопје.

Настапуваат: Sim Hutchins (Live AV) и Niskogradba (Live AV). Desonanz 10 официјално ќе биде прогласен за затворен со настапите на Purita D, Diah, Maggie и Sim Hutchins во клубот Епицентар, со почеток во 00.00 часот.

 

Comments

comments