De:sonanz Festival 2015 – четири спектакуларни вечери посветени на модерната музика и мултимедијална уметност во Скопје (4-7 септември 2015) со гостувања на Monolake, Objekt, Electric Indigo, Disphonia и богата програма која вклучува 40+ артисти.

Во своето седмо издание, De:sonanz е пресек на глобалните иновативни музички и уметнички текови, но и најголемиот колаборативен проект на целокупната македонска сцена кој го става Скопје во фокусот на вниманието во светски рамки. Фестивалот трае 4 дена со журка за отворање во Капан Ан и три фестивалски денови во кои голем број музички и уметнички случувања ќе бидат распоредени низ просториите на МКС Скопје.

Купи фестивалските блок-карти:
[25-31 август] 700 ден.
[01-04 септември] 800 ден.
VIP карти: 2000 ден (бекстејџ пристап, освежувања, афтери…)

desonanz-objekt-1

DAY 1: Петок (04 септември) @ Капан Ан (летен отворен простор)

Отворање на De:sonanz Festival 2015 со најсветлата млада ѕвезда на светската електронска сцена – Objekt, продуцент кој минатата година го издаде RA #1 хитот “Ganzfeld” за Leisure System и DJ кој ја имаше честа со својот настап да го отвори Boiler Room Berlin во 2011. За оваа пригода, De:sonanz VJ тимот ќе го трансформира целиот Капан Ан во една голема видео инсталацација, додека внимателно одбраната домашна DJ екипа ќе го движи подиумот цела ноќ!

/// Почеток: 23:00

OBJEKT [Berlin DE/UK]

Ilina Angel (Kanal 103)

Marko Rikaloski (BTKRSH)

Apostolski (Drop Series)

+ визуелни инсталации и проекции низ целиот Капан Ан

***

Карти:
(24 август – 31 август): 200 ден
(01 септември – 04 септември): 250 ден

desonanz-disphonia-4

DAY 2: Сабота (05 септември) @ МКЦ // два подиуми

Голем рејв на два подиуми во МКЦ на кој ќе се претстават три екипи кои сите ги препознаваме како носители на музичката сцена и клубскиот живот во Скопје – Drum’n’Bass колективот D2 и нивниот гостин од Атина – Disphonia (Eatbrain / SOM music / Dutty Audio) во денсинг салата (горе), како и PMG и Drop Series DJ-ите кои ќе настапат во холот на МКЦ (доле). Екипата De:sonanz VJ-и е задолжена за визуелната димензија на настанот кој гарантира незаборавно подиумско искуство!

/// Почеток 23:00

// D2 bass stage (денсинг сала, горе)

DISPHONIA [Athens GR]

Darko Stepic (D2)

Hypertech (D2)

Tecktone (Neuritmix)

D.Lite (D2)

+ Lazy Kidz Visualz


// PMG+Drop Series Showcase > dance stage (хол, доле)

Mirko Popov (PMG)

Vidinovski (Drop Series)

Galatheia (PMG)

Alex Acid (Drop Series)

***

Карти:
(24 август – 31 август): 200 ден
(01 септември – 04 септември): 250 ден
(На врата во МКЦ): 300 ден

DAY 3: Недела (06 септември) @ МКЦ (Кино Фросина)

Концертен ден на De:sonanz 2015 каде премиерно македонската публика ќе има можност да ги проследи премиерните изведби на долго-очекуваните албуми од Телемама и Демек, светски премиери на неколку возбудливи интердисциплинарни мултимедиски перформанси кои ја зближуваат музиката со модерниот танц и поезијата, како и отворање на две изложби – циклусот илустрации “Dystopia” на Иван Галовски и визуелно магичната инсталација на Ивана Пирковска “Log In…”

/// Почеток: 20:00

Telemama // концертна промоција на албумот “Мис Слобода”

Aleksandar Grozdanovski (Herzel) & Aleksandra Petrushevska – “DVA” (dance/audio/video performance) *светска премиера*

Dimitar Dodovski ft. Jujo – “Potential Worlds” (poetry & a/v performance) *светска премиера + концертна промоција*

Демек *светска премиера + концертна промоција на албумот “Неоненормализам”*

Melani Digit (motion/video performance)

Ѓорѓи Јаневски & Марсо @ Бифе Фросина

+ Изложба “Dystopia” на Иван Галовски
+ Проект „ log in…“ на Ивана Пирковска

***

Карти:
200 денари (Бројот на карти за оваа вечер е ограничен на 250 седечки места во Кино Фросина)

desonanz-monolake-1

DAY 4: Понеделник (07 септември) @ МКЦ

Големото финале на De:sonanz Festival 2015 – настап во живо на култниот Monolake (Robert Henke). Тешко е да се замисли историјата на електронската музика без креативниот гениј на Monolake – пионер и бастион на берлинската електронска сцена кој повеќе од две децении е на врвот на иновативната електронската музика, музичкиот софтвер и хардвер (дизајнер на Ableton Live) и секако – опасен клубски артист чија продукција е уникатна, совршено испродуцирана, информирана од минатото, но цврсто насочена кон иднината.

Оваа вечер на Monolake ќе му се придружи и уште едно име кое го има оставено својот белег во историјата на берлинската сцена и електронската музика воопшто. Electric Indigo (Susanne Kirchmayr) е девојка која уште од доцните 80’ти и раните 90’ти е синоним за европскиот техно звук и DJ со 25+ годишна кариера полна со настапи од Love Parade настаните во раните 90’ти до CTM/Transmediale 2015 и институција на клубската техно сцена со редовни настапи во Tresor, Berghain, //about:blank, Suicide Circus… Освен како DJ, Electric Indigo е продуцент, национален уметник на Австрија, а активна е и како активист за правата на жените – куратор на Female:Pressure техно вечерите кои го обиколуваат светот и претставуваат женскиот талент во електронската музика.

Во денсинг салата во МКЦ покрај Monolake и Electic Indigo со DJ сетови ќе се претстават Andreas Hz и Martchin од BTKRSH колективот, додека холот на МКЦ е резервиран за моќен аудио-визуелен DSPH showcase со Abduct/ABDX (Мексико), Noitu (live), Baltronic и Vertical Sofa (live)

// dancing hall (денсинг сала, горе) // почеток 23:00

MONOLAKE -live act- (Monolake / ICM :: Berlin DE)

ELECTRIC INDIGO (Indigo Inc / Female:Pressure :: Vienna AUT)

Andreas Hz (BTKRSH)

Martchin (BTKRSH)

// IDM / Experimental Room (хол, доле) // почеток 19:00

DSPH A/V showcase:

NOITU

Baltronic

Abduct

Vertical Sofa (live)

+ визуелни инсталации и проекции:
Ивана Пирковска / Abduct / Lazy Kidz Visualz

***

Карти:
(24 август – 31 август): 400 ден
(01-07 септември): 500 ден

desonanz-ad2

 

Comments

comments