Кога ќе видиме сообраќајна несреќа, кај нас се појавуваат измешани емоции на страв и вчудоневиденост, но и одредена возбуда. Истото чувство го имаме и кога го слушаме или гледаме јужноафриканското дуо Die Antwoord.

Како претставници на јужноафриканската супкултура, Die Antwoord се рејв-рап дуо или трио, ако тука го вклучиме нивниот придружен ДЏ Hi-Tek. Тие се „извезуваат“ во светот како дел од ZEF културата. ZEF културата е дефинирана како модерна и кич, со преземени елементи од голем број други култури и без точен датум на појавување.

ZEF најдобро може да ни ја објасни Yolandi, според мене, поубавата половина на Die Antwoord – харизматична, мала и жестока типка, со прекрасен глас, посебна убавина и извонредна фризура. „Оваа култура е поврзана со сите оние луѓе кои сакаат „пимпувани“ автомобили и носат на себе златни парчиња и други „гнесотии“. ZEF е: сиромашен си, но модерен. Сиромашен си, но си секси и имаш сопствен стил.“

Die Antwoord – Pitbull Terrier

 

Ninja е другата, т.е. машката половина од Die Antwoord – слабо момче со гангстерски тетоважи, чудни фризури и златни заби кој е прилично генијален во својата работа и многу е поразличен во живо отколку што е претставен во нивните спотови и интервјуа. Заедно, Ninja и Yolandi се извонредни – смешни, секси и без влакна на јазикот.

Ако почетокот на Die Antwoord беше фуриозен и значеше перфектен старт на нивната кариера со нивниот деби-албум $О$, со и потпишувањето на доста профитабилниот договор со Interscope Records, така пак, вториот албум насловен како Tension ги направи уште полуди и им донесе светска популарност. Тука нивната слава не запре, затоа што следуваше и нов албум насловен како Dоnker Mag, кој ги зациментира на тронот на музичкиот свет.

Во секој случај, има нешто во врска со Die Antwoord што е инспирација за голем број уметници. Океј, сигурно до сега се направени мал милион нацрти со ликот на Jim Morrison, Hendrix, Elvis Presley и безброј други. Но Die Antwoord, се релативно кратко на светската сцена, а веќе можеме да забележиме од улични уметнички дела до цртежи на салфетки кои се создадени по идеологијата и начинот на живот на Die Antwoord.

„За нас, сето ова е многу неочекувано. Кул е што ова некој го забележал. Ние размислувавме за ова. Мислам дека ова е доказ за тоа дека пораката која ја пренесуваме допира до нашите фанови и е разбрана.“ – Ninja

Што всушност се тие? Мислам дека Die Antwoord не би требало да се декларираат како една обична музичка група, туку тие се бренд, диктираат нови стилови и трендови, уникатни перформанси и генијалци во својата работа.

Како доказ за нивната универзалност е пробивањето и во филмскиот свет каде што веќе добија значителни улоги во блогбастерот наречен Chappie, рамо до рамо со изворедниот Hugh Јаckman.

Die Antwoord – Ugly Boy

 

Comments

comments