Фотографии: Владимир Видановски
Модели: Кристи Велкова и Дарко Бошковски
Моделите се облечени во парчиња од: Diesel SS’17

 

 

Во својата последна кампања, италијанскиот бренд Diesel, се спои со неверојатниот фотограф David LaChapelle за на светот заедно да му испратат порака за љубов и еднаквост.

Ние, Reborn, целосно се сложуваме со таа нивна идеологија, па токму затоа се обидовме да ја засилиме таа нивна порака, преку нaшето здружување со младиот фотограф од Битола, Владимир Видановски (vladimirvphotography.com) за заедно, локално да ја [Re]креираме кампањата на Diesel.

 

 

 

 

Кампањата, наречена “Make Love, Not Walls” („Љубов, не ѕидови“) е реакција на Трамповиот план за изградба на ѕид помеѓу САД и Мексико. Но не само тоа, кампањата цели кон рушење на сите бариери, физички и метафорички, кои сè уште нè двојат, внатре во нашите општества. Кампањата е исполнета со вибрантни, виножитни фотографии и со видеото режирано од LaChapelle, легендарниот фотограф и режисер познат по својата соработка со Diesel со која пред 22 години ја изработи фамозната реклама со морнари кои се бакнуваат, која предизвика турбуленции поради прикажувањето на бакнеж помеѓу два мажи.

 

 

 

 

Diesel при лансирањето на својата најнова кампања изјави дека оваа реклама ја објавуваат „во време на критичен момент во историјата, кога се чини како да преовладуваат омразата, ѕидовите и стравот“. Дополнително, арт-директорот на брендот, Nicola Formichetti, изјавува дека „Сите ние во Diesel држиме цврст став против омразата, а сега повеќе од било кога сакаме светот да го знае тоа. Љубовта и заедништвото се неопходни за градење на општеството во кое сите посакуваме да живееме и на иднината која сакаме да ја имаме.“

 

 

 

 

Целосно се сложуваме со ставот на Formichetti. Ни требаат овие пораки на единство и љубов, сега повеќе од било кога, за да ни помогнат да ги срушиме локалните „ѕидови“ – без разлика дали се тоа ѕидовите кои стојат помеѓу националностите и религиите, различните политички партии, сексуални ориентации или пак социо-економските позадини. Оваа порака е основна и стара, но луѓето лесно ја забораваат. Затоа во следните три месеци, ќе се обидеме да ја „оживееме“ преку три различни фото-едиторијали. Следи нè.

 

 

 

 

Фотографии: Владимир Видановски
Модели: Кристи Велкова и Дарко Бошковски
Моделите се облечени во парчиња од: Diesel SS’17

 

 

 

Comments

comments