Фотографии: Александра Костадиновска

 

Велат, ако сакаш да процениш нечиј карактер и вкус, провери какви книги има на полица.

Многу сериозно ја сфативме мудрава мисла во последно време, зашто најмалку еднаш месечно ги проверуваме полиците на локални дизајнери. Искрено, не во потрага по добра книга, иако и на тоа налетуваме, туку во потрага по добри предмети.

Предмети кои не само што изгледаат добро, затоа што нели, дизајнери никогаш не се согласуваат на нешто што нема добар дизајн, туку предмети кои ги дефинираат нив како личности и како стил.

Овој пат бевме кај Дијана Димитриевска, со која веќе еднаш пред година дена зборувавме, но тогаш на тема нејзината приказна како Диџеј. Овој пат се фокусиравме на нејзиниот добар вкус и на тоа што Диди, покрај диџејство, се занимава и со графички дизајн.

 

 

1. Листата, како што и очекувавме, почнува и завршува со работи поврзани со музика. На прво место е плочата од албумот Logical Progression 2. Колкава колекција на плочи имаш? И зошто токму оваа плоча ја издвои?

Звукот на вселената испреплетен со искршени брејкови, сонични мелодии и по некој џези инстумент. Издадена во 97ма за GLR, ова е една од моите омилени Intelligent dnb колекции. Овој музички жанр и изданијата од 90-тите не ме остават рамнодушна.

Мојата лична колекција на плочи сè уште е мала. Имам околу 50-тина, од кои дел се подароци што ги прави уште по специјални, а другиот дел се набавени од discogs и од плочари.

 

2. Песок од плажата од филмот The Beach? Wow. Нешто како камен од месечината му доаѓа. Од каде ти е? Дали The Beach ти е омилен филм?

Да, нешто како песок од месечината. Тешко е да се има еден омилен филм, ама сепак, The Beach е еден од оние кои ги имам изгледано по неколку пати, култен филм со култен саундтрак.

Сниман е на фасцинантен предел, на Maya Bay, од каде си земав парче за да ме потсетува дека идењето таму беше реално и дека таа убавина е дел од овој свет.

 

Постер дизајн за филмски фестивал

 

3. Сите имаме по некоја кутија/тефтер со добри мемории. Што сè има во тефтерот? Кога го започна? И доколку би требала да избереш една од овие мемории/фестивали и места што си била, кое ќе го издвоиш како посебно?

Години наназад, уште од јunior party во club Element и Boulevar, кога школските „менаџерчиња“ ни делеа флаери за журки. Никогаш не размислив зошто ги собирам, никогаш не ги разгледувам или покажувам, туку како потсвесен ритуал ги трупам на едно место сите карти од фестивали, журки, изложби..

Ако треба да издвојам една од овие мемории најверојатно тоа би било отварањето на Dimensions 2014, со концерт на Caribou, Darkside и Nils Frahm, во римскиот амфитеатар во Пула. Звучеше и изгледаше како од друга планета.

4. И ние обожаваме french press за кафе/чај. Неверојатно е вкусно, а брзо и лесно за одржување. Дали си повеќе кафе или чај човек? Какво кафе и чај пиеш?

Кафе, дефинитивно. Мирисот на кафе, вкусот на кафе, сè кафе. За 2 кафиња секогаш го следам размерот: 12g Columbian, 260ml вода, 4min подготовка.

Во последно време и црн чај си добива доста кредити, ама ако треба да бирам, кафе-човек it is.

 

 

5. Тотално те разбираме што во омилените предмети имаш коректор за подочњаци! Кажи ни, дали имаш уште некој трик за покривање/исчезнување на подчњаци?!

Херој во мала димензија! Помага и без трикови.

 

6. Покрај предмети поврзани со музика, дефинитивно очекувавме и некој поврзан со цртање/дизајн. Колку време веќе и со каков дизајн се занимаваш?

Овие шаблони за цртање геометриски кружни патерни ми се најдобро потрошените 50 денари во животот.

Дизајнот расте со мене и менува форма. Почнав со arts & crafts работилници, потоа индустриски дизајн на МФС, а последниве неколку години сум ориентирана накај графички дизајн во било која форма. Го сакам процесот на креирање идеја и нејзиното обликување, сè до финалната реализација.

 

7. Дали некогаш имаш помислено да си го смениш уметничкото име во Диско Ди? Што мислиш за диско стилот што се враќа во мода?

Хаха, ќе го имам во предвид ако затреба.

Исто како во модата и уметноста, и во музиката има тенденција да ротираат одредени стилови, обележја на своето време, низ призмата на друго време. Можеби повторно ќе инспирира нови правци… Go disco!

 

Постер дизајн за кампања на град Љубљана

 

8. И секако – грамофон. Кажи ни што слушаш/пушташ најмногу периодов? Има ли некој добар нов артист/бенд што мислиш дека треба да го слушаме?

Слушам секаква музика. Концертите на Mezzo, Boiler Room сетовите на актуелните Диџеи и продуценти. „It is what it is“’ со Laurent Garnier е секогаш фина рецензија за новитетите во електронската музика. Гледам и доста фестивалски стримови, Audiobahn стримови, Канал 103…

Низ дома, во бесконечен loop ми се музичките дискографии на Boards of Canada, Younger Brother, Massive Attack, Nicolas Jaar, James Blake… Ако продолжам да набројувам ќе снема место во текстов.

Моите сетови се во тechno – acid – electro спектар. А, ако ме прашувате да препорачам едно нешто, моментално тоа е новиот #deeptechno #ambient #hypnotic албум на Void издаден за @AlexandarSound.

 

9. И ние сме отсекогаш опседнати со Тесла и ни е на топ 3 омилени личности на сите времиња. Кога би можела да поминеш еден ден со него, што ќе го прашаш?

За неговате оседнатост со бројот 3. Или за сите негови излудености со кои се граничи еден генијален ум.

 

10. Уште еден тефтер. Супер изгледа. Од каде ти е и што има во него?

Овие нотеси се дизајн на еден од моите омилени македонски дизајнери, Венчо Милошевски. Тефтерот е полн со неповрзани скици и зборови. Односно, ја дели истата судбина со сите мои нотеси.

http://venchomiloshevski.com/ и https://www.instagram.com/vekito/

 

 

11. Ни едно диско не е диско без глитер. За што го користиш?

Го имам за јust in case 😉

 

12. Зошто Gаnesha? Гледаме дека заедно со песокот од плажа во Тaјланд се 2 предмети од 12 поврзани со Азија. Зошто? Што? Како?

Ги сакам приказните зад симболиките, а во Азија (во деловите каде што сум била) ги има многу. Секое дрво, камен, боја и мирис има приказна.  Симболиката зад Ганеша е енергија од каде сè почнува и каде сè се манифестира. Го нарекуваат и сеприутна свесност, симбол на мудрост и интелект.

Мене лично ми е потсетник за концентрација. Во овој хаотичен начин на живот, каде секојдневно бркаме кратки рокови и не спамираат со непотребни информации, често забораваме да бидеме тука и сега. Што е особено важна лекција кај пуштањето музика. Целосна концентрација и фокус на целокупната атмосфера се круцијални.

 

 

Comments

comments