Disclosure објави уште една песна од нивниот нов албум.

Англиското електрноско дуо, Disclosure, ја објави песната „Willing and Able“ како четрвртио сингл од очекуваниот албум Caracal LP. Оваа песна, снимена со британскиот соул пејач Kwabs, ги следи „Bang That“ „Holding On“ и нивната колаборација со Sam Smith, „Omen“.

Caracal ќе биде вториот албум на Disclosure и би требало да биде издаден на 25-ти септември. Нивниот деби албум Settle, беше номиниран за најдобар денс/електроника албум на Греми наградите во 2014.

Интересен факт: Двајцата членови на бендот, Guy Lawrence и Howard Lawrence, се браќа и имаат само 24 и 21 година.

 

Comments

comments