Фотографии: Хрипсиме Ховакимјан Кузевска

 

Оние кои нè следат внимателно, веќе сигурно забележале како пополека стануваме вистински гурмани.

Како скоро-па-одлични-готвачи и веќе испробани критичари на локалната храна и ресторани, нашите пријатели од ресторанот Дистрикт во Hotel Marriott нè поканија да ја испробаме храната припремена од францускиот готвач, Оливер Бепмал. Бепмал моментално гостува во Македонија, а во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“.

Признавам, сè до денес, мојата најсилна асоцијација со француската кујна беше филмот Ratatouille. Денес, мојата нова и силна референца е неверојатниот француски десерт Lemon Meringue, приготвен од Бепмал.

Доколку и ти сакаш да ја испробаш храната приготвена од Оливер Бепмал, имаш шанса да го направиш тоа следните три дена, бидејќи Бепмал ќе гостува во Дистрикт сè до оваа недела, 26 март.

 

 

Comments

comments