Рапери су свуда око нама. Дефинитивно едно нешто што перфектно функционира во македонската култура и прогресивно го следи светскиот тренд е македонскиот хип-хоп.

Секојдневно налетувам на некоја новост поврзана со македонскиот рап, дознавам нови групи и соло артисти, а и нови видеа, песни и албуми на нашите веќе етаблирани рапери.

Денес на мета ни се Дивизија, рапери од струмичкиот регион. Момциве пред некој ден промовираа еден доста сериозен видео запис за песната „Стереотип”, што воедно е и најава за нивниот втор албум кој е во финална фаза изработка.

Доволно е да се спомене и само името на песната, за да ти стане јасно за која тематика ја обработува. Се работи за интересен приказ на бројните стереотипи кои длабоко се навлезени во порите на нашето општеството и за тоа како истите се демонстрираат преку работните позиции и функции.

 

Comments

comments