Обожаваме добар продукт дизајн и особено нѐ радува кога ќе се потсетиме дека и локално има врвни примери.

Веќе направивме ретроспектива во два дела на најдобрите дизајни од екс-ју просторите, а сега продолжуваме со една успешна приказна која трае до ден денес. Приказна која освен што изгледа добро, има и вкус кој ни е врежан длабоко во меморијата.

На Чунга Лунга мастиките не им треба посебно претставување. Препознатливото име кое ни беше прва асоцијација на мастика за џвакање, натпреварувањето кој ќе направи поголем балон, разменувањето сликички, па и радоста ако во продавница немаат доволно ситно, па како кусур ти враќаат Чунга Луга. Овие мастики беа неодделив дел од нашето детство (особено кога ќе ни се залепеа за коса).

 

Оригиналниот дизајн на Мики Мустер

Новиот дизајн

 

Дизајн приказната започнува со легендарниот Мики Мустер

На 7 годишна возраст не размислувавме на темата, ама сега сфаќаме дека имаат и амбалажа која е вистинско мини уметничко дело. Имено, оригиналниот дизајн е дело на легендарниот словенечки уметник Мики Мустер. Мустер го нарекуваат словенечкиот Дизни, и се смета за пионер во областа на стриповите и анимацијата на екс-југословенските простори. За своето творештво има добиено бројни признанија, меѓу кои и наградата Прешерн за животни достигнувања, највисоката и најценетата награда во Словенија во полето на уметноста.

Освен што ја има дизајнирано првата амбалажа на Чунга Лунга, Мустер ја има креирано и првата анимација-реклама за мастиките.

 

Историјата продолжува со нашиот Тхе Мичо

Дизајн приказната не завршува, туку само што започна, па од Словенија се сели во Македонија во креативните раце на Тхе Мичо, еден од нашите најпознати илустратори. Тој ги редизајнираше карактерите на Чунга Лунга и ги создаде Чунга Лунга тетоважите кои станаа препознатливи кај децата. Внатрешниот дизајнерски тим ja ре-дизајнираше амбалажата на мастиките, давајќи и современ шмек, но запазувајќи го оригиналниот брендинг. Во својот препознатлив стил на илустрација, Тхе Мичо создаде и едукативни стрипови низ кои ги однесе познатите Чунга Лунга карактери во нови авантури.

 

Оригиналниот дизајн од 80тите

Новиот дизајн

 

Од 90-тите Чунга Лунга се целосно Македонски

Инаку, поврзаноста на Македонија и Чунга Лунга датира многу децении наназад. Првично произведени во Словенија, па потоа делумно и во Македонија, од почетокот на 90-те години на Чунга Лунга стануваат комплетно македонски производ. Од тогаш до денес се произведуваат во групацијата „Макпромет“ од Штип која постои од далечната 1957 година. А освен со нов дизајн, брендот е подновен и со проширена палета на производи, па сега освен мастики, има и Чунга Лунга кроасани, карамели, лижавчиња, флипсови и бомбони.

 

Присети се на вкусот на детството и освој електричен скутер

Па, ако се решите да ги проверите новите вкусови или да се потсетите на детството, периодов секој ден имате шанса да освоите и супер награди. Чунга Лунга ви два шанса да го пукнете балонот на секојдневието и да го разиграте детето во себе со наградната игра „Пукни го балонот, стани Чугна Лунга супер херој”.

За учество потребно е да купите Чунга Лунга производи во вредност од 25 денари и да го испратите кодот од фискалната сметка заедно со времето на издавање во СМС порака на 14774 или на Вибер профилот на Чунга Лунга. За возврат, секојдневно имате можност да добиете по една вредна награда (таблет, звучник, фотоапарат) и 2 пакети Cunga Lunga. А, на финишот од играта ве очекува и електричен скутер.

 

 

Првиот слоган на Чунга Лунга бил „Cunga Lunga – svjet detske mashte“ и нам ни е навистина мило што имаме домашен бренд кој 40 години креативно ја разигрува детската креативност и успешно ја надградува својата приказна.

 

Comments

comments