Доколку си дизајнер или илустратор, издавачкиот центар ТРИ нуди шанса твоето дело да се најде на кориците од десет нови книжевни дела.

Конкретно, станува збор за отворен конкурс за дизајн на корици за дела од современата книжевност, кои ќе бидат дел од новaта едиција „Во нашите тајни животи: Европски семејни приказни“. Меѓу книгите од проектот се наоѓаат и петмина добитници на веќе етаблираната Наградата за литература на Европската Унија што се доделува секоја година.

Посебна цел на проектот е вклучување на локални креативци кои ќе работат на визуелниот идентитет на книгите и ќе ја покажат својата визија во однос на централната тема на секој поединечен наслов.

Дизајнот на секоја од десетте книги ќе биде дело на различен автор. Изборот ќе се врши врз основа на портфолиото на дизајнерот и неговото претходно искуство во изработка на дизајни на книги.

Во првата фаза кандидатите треба да пратат свое портфолио со цел запознавање со нивната работа, по што ќе следува разговор и иницијална соработка со оние чиј стил на работа ќе биде избран како најсоодветен за проектот.

Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија и портфолио на следнава: tri@kniga.mk, најдоцна до 15.09.2018 година.

Подетални информации за учеството на конкурсот, како и за самиот проект на посебната интернет-страница „Европски приказни“.

 

Comments

comments