Фотографии: Александра Костадиновска

 

Утре (14.06.2018, четврток) во летниот клуб Сектор 909, со почеток во 00.00 часот ќе настапи еден симпатичен, харизматичен и супер кул французин. Неговото име е DJ Gregory.

Настапот на DJ Gregory во Сектор 909 е првиот од низата на настани кои ќе се случуваат во текот на целото лето и одбележување на почетокот на најновата соработка помеѓу Neuland и Сектор 909. Фактот што токму Neuland се оние кои стојат позади тоа што лани го нарековме настан на годината за 2017, ни дава високи очекувања за ова партнерство.

 

Фото: „Neuland Sensorium” во Мала Станица (11.17)

 

Диџејот и продуцент DJ Gregory својата музичка авантура и кариера ја започнува во 1993 година во период кога хаус сцената во Франција е само едно обскурно и контроверзно underground движење во кое само мал број на луѓе ја делеле истата пасија кон оваа музика. DJ Gregory бил еден од нив.

Од тој момент започнува прогресот и движење по нагорна линија на музичката кариера на DJ Gregory, кој учел, бил менториран и пуштал музика со „златните деца“ на една неверојатна генерација на љубители и почитувачи на електронската музика. Gregory може да се пофали дека во времето на 90-тите пуштал и учел музика од диџеи како DJ Deep, Ludovic Navarre aka St. Germain, Shazz, Laurent Garnier и многу други.

 

Фото: Сектор 909 (07.06.18)

 

Но сепак неговата уникатност лежи во неговата пасија и опседнатост со африканските, јужно американските, индиски и карибски звуци, кои совршено ги инкорпорира во своите хаус сетови и настапи. Оваа негова мултиконтинентална музичка посветеност и пасија го доведува пред свршен чин, каде што единствениот излез е да стане дел од веќе легендарниот проект Africanisam, и тоа по препорака на големиот Bob Sinclair. Africanisam e прв проект кој на едно место прави симбиоза помеѓу африканскиот традиционален бит и шмек и енергичниот хаус звук.

Но сепак, по успехот на проектот Africanisam, Gregory решава да започне сопствена продукциска куќа Faya Combo, преку која се издигнува на едно ново и посериозно ниво на професионалност во поглед на авторско музичко творештво.

 

Фото: Сектор 909 (08.06.18)

 

Со неговата беспрекорна продукција и одлична техничка подготвеност Gregory доживува интерпланетарен успех овозможувајќи му да настапува во најдобрите клубови, од Cielo New York, па сè до Yellow во Токио, Panorama Bar, Fabric, Rex Club и други.

Интересен факт: Секогаш кога е во улогата на диџеј, знакот кој го одбележува стартот на битот кој ќе направи пресврт во целата трака е моментот кога неговите нозе ќе почнат сами да танцуваат. Тогаш Gregory знае дека е правиот момент за почеток на диско сензација.

Картите за неговиот настап во Сектор 909 се во предпродажба по цена oд 400 денари во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар. На влез, цената на картата ќе изнесува 500 денари. А специјално, само за нашите читатели, во наредните 24 часа ќе доделиме 4 карти (по 2 карти на 2 читатели). Сè што треба да направиш е да го лајкнеш статусот на Фејсбук и да тагнеш некого со кој сакаш да одиш на настанот.

 

Comments

comments