Видео: Михаил Намичев
Фотографии: Александра Костадиновска

 

„Што се случува во Скопско гајба останува во Скопско гајба”.

Стварно не сакам да го направам ова, да го прекршам правилото што само што го измислив, но чувстувам дека мора. Се оправдувам со тоа дека имам сериозно добра причина — работилницата на која присуствувавме минатата среда беше стварно добра и ти треба да знаеш сè што се случуваше.

А ако досега не разбра или не прочита некаде по Facebook за најновиот проект на Скопско, DJ работилницата со Гоце САФ, тогаш ти си мојата „совршена жртва”.

Затоа што овој тим отсекогаш верувал дека уште посилно од добар збор е добар збор во комбинација со видео и пар фотографии, избираме тоа да биде начинот на кој ќе ги пренесеме нашите импресии од настанот.

 

 

Гоце и понатака го доживуваме како спокоен, забавен и културен градски дечко со пасија за тетоважи, Џорданки, плочи и хоп хоп. А токму тој дечко минатата среда ја раздрма Скопско гајба со јаки музики и DJ техники кои ги сподели со солидна бројка на млади ентузијасти.

Моја груба проценка е дека околу 20тина момци и девојки се „испробаа” на миксетите на Гоце. За после три часа апсорбирање нови вештини, да се препуштиме на забава и ладно пиво покрај базен, во добра позиција на лежалка.

 

Comments

comments