Овој петок во Сектор 909 гостува DJ Ryan Elliott, во организација на тимот на самиот клуб, a со поддршка од Neuland.

DJ Ryan Elliott (со вистинско име Christopher Thomarios) е роден во Детроит, а живее во Берлин. Член е на екипата од Ostgut Ton и резидент DJ на Berghain/Panorama Bar. Тој важи за еден од најструктурираните и организирани диџеи на денешницата. Диџејството го доживува како секоја друга работа, па му е целосно посветен, секој ден од 9 до 5.

За себеси вели дека никогаш не бил филмаџија или љубител на книги, туку едноставно радиото и музиката биле неговиот прв и единствен избор. Но оваа негова пасија не-така-лесно се претворила во професија, затоа што DJ Elliott, долги години пред да стане диџеј по професија, работел како финансиски консултант, додека само во слободно време диџејувал.

 

 

Неговиот стил на пуштање музика и музичкиот избор на траки е опишан како „лојален, стриктно фокусиран на тврди и моќни бас линии и со примеси од најдоброто од светот на хаус музиката”. На неговите настапи, тој се труди да ја доведе публиката до состојба на делириум и мозочна ерупција.

Есенцијалната порака која ја испраќа преку неговите омилени траки е тоа дека само оние кои се базираат на моќни и кул бас линии се тие кои ги тераат луѓето да танцуваат, да се забавуваат и еуфорично да врискаат во диско клубовите.

 

Comments

comments