Фотографии: Александра Костадиновска
Модел: Ирина Цоневска
Бренд: DOGO

 

Во среда, 30.08.2017, во 19.00 часот на улицата Максим Горки во Скопје (во близина на Hotel Marriott) ќе се отвори продавница на брендот за облека, DOGO.

Дознавме пред само неколку дена – помеѓу црешите на Максим Горки наскоро ќе никне нова продавница за облека и кондури. Станува збор за брендот DOGO, кој после 150 отворени продавници ширум светот, конечно реши да нè посети и нас.

Со нивните повеќе од 5000 оригинални дизајни, брендот е првиот во светот кој нуди чевли (и се разбира, широк избор на други модни додатоци) со испринтани оригинални дизајни. Нивната цел, која уште од 2006 успешно ја исполнуваат, е да им понудат на оние кои се во потрага по необично и оригинално парче облека.

Сите производи на DOGO, не само што се специфични и полни со карактер, туку и целосно рачно изработени и тоа од вегански материјали. Ова значи дека брендот веќе со години им се придружува и ги поддржува оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство.

Кога се обидовме да бреинстормуваме и да го осмислиме овој напис, едногласно заклучивме дека уникатните парчиња на DOGO прекрасно ќе изгледаат на нашата пријателка, Ирина Цоневска.

Разгледај ја нашата галерија, посвети особено внимание на чевлите и модните додатоци кои Ирина ги избра за себе и придружи ни се во среда за заедно да го прославиме отворањето на оваа нова симпатична продавница.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments