Македонскиот краткометражен филм „Dogs of War“ е единствениот претставник од Македонија кој ќе земе учество на натпреварот за краткометражни филмови, FilmConvert Competition.

„Dogs of War“ е снимен пред повеќе од пола година на неколку локации низ Битола и моментално се наоѓа во борба за првото место на „FilmConvert Competition“, интернационалниот филмски натпревар, кој се одржува по 6-ти пат. Важно што треба да знаете пред да отидете на гласање, е тоа дека екипата позади филмот Dogs of War веќе еднаш победија на FilmConvert Competition, со проектот „Fаrawell“ во 2016 година. За да го поддржите во оваа трка за победник, може да гласате за филмот на овој линк.

„Dogs of War“ зборува за изборот помеѓу чесноста и материјализмот, користејќи ја приказната за еден разбојник, фатен ограбувајќи воена патрола, чиј единствен спас од ситуацијата е да го изманипулира својот поранешен колега. Изборот е очигледен и немоновен.

 

 

Зад „Dogs of War“ стои актерската екипа составена од Алек Ѓорѓиески, Димитар Даневски и Елизабета Јованоска, текст и режија се на Пеце Здравковски и Бојан Соклевски, филмската екипа е составена од Ѓорги Вацев, Игор Георгиоски, Ристо Алчинов, Христо Стојаноски, Кети Талевска, Христина Тренчевска и Симона Јосифовска, а екипата на статисти и помошници ја сочинуваат Христијан Српчански, Филип Каранфиловски и Ангела Српчанска.

 

Comments

comments