[Документарец] Историјата на „Sound City“
Филм: Sound CityРежисер: Dave GrohlГодина на издавање: 2013IMDB Рејтинг: 7.8
4.9РЕмек Дело
Reader Rating 1 Vote

Нема компјутери. Нема дигитални ствари или ауто тјун. Едноставно само перфектната конзола за миксање на Neve. Ова е еден краток опис на Sound City (1969-2011), легендарното студио во ЛА, Калифорнија. Токму поради ова студио, Dave Grohl реши за момент да стане „Херкулес” и херојски да се избори за да сними документарец.

Историски гледано наназад почнувајќи од 70тите, кога Fleetwood Mac го снимија својот албум „Rumours“, низ 80тите заедно со Tom Petty и Heartbreakers, Rick Springfield и Santana, па се до 90тите и „Nevermind“ на Nirvana, Sound City беше „местото на злосторот”. Место каде што во секоја етапа од неговото постоење преовладувала пасијата за музика, човечноста и дела креирани со љубов. Овој документарец е одличен визуелен приказ на сите овие клучни елементи на Sound City, а сето тоа под диригентската палка на Dave Grohl.

sound-city-1

Интересен факт: Главниот актер, конзолата за миксање на Neve, по затворањето на студиото била откупена од страна на Dave Grohl. За да ја акомодира на своето студио морал првин да ја исчисти од остатоците од кокаин и пржени пилешки стекови, за што потрошил неколку часа.

 

Comments

comments