Визионерката Grimes ни го прикажува создавањето на нејзиниот нов албум, „Art Angels“.

Grimes е моментално една од најактуелните ѕвезди на поп сцената. Кога се работи за женски поп-ѕвезди, Grimes, е нуклеарен реактор – таа ја пишува, продуцира, креира, и изведува својата музика. Музичкиот магазин NME, ја нарече „највозбудливиот уметник на оваа генерација“.

Во ноември, Grimes го објави својот нов албум „Art Angels”, кој според многу музички критичари е еден од најдобрите албуми годинава. Во овој краток документарен филм насловен „Art Angel“, музичкиот магазин The Fader, ни дозволува да ѕирнеме како се одвивало снимањето на нејзиниот албум.

 

Comments

comments