Ја искористивме нашата соработка со Дормео за да ги прашаме избраните спијачи да ни ги споделат нивните трикови за добар сон.

Не требаше да прочитаме за истражувањето спроведено во 2017 за да знаеме дека (отсуството на) добар сон влијае на нашиот изглед и продуктивност.

Додека некои би рекле дека убавината е релативна, фините истражувачи од Англија успеаа да докажат дека „beauty sleep“ не е само начин да си го оправдаш спиењето до 12 часот напладне во сабота. Наводно, тимот успеа да докаже дека оние кои не спијат доволно изгледаат помалку привлечно и здраво, а како резултат на тоа – луѓето избегнуваат интеракција со нив!

Иако истражувањето е добро релаксирачко четиво за еден пролетен ден како овој, поголемиот дел од работите веќе ни се одамна јасни. Околу една третина од нашиот тим пати од сериозна несоница, што не само што забележуваме дека се одразува на нивното здравје, туку и на здравјето и на продуктивноста на целиот тим.

Во потрагата по изгубениот сон сме испробале многу трикови – топло какао со пеперминт пред спиење, чај од нане, лоши мобилни апликации со песни од китови, итн. Некогаш успевале, некогаш не. Но секогаш вредело да се испроба.

Пред неколку недели, по повод интернационалниот ден на спиењето, Дормео започна еден свој тип на „експеримент“, кој имаше за цел да го докаже токму тоа – дека навистина вложи да се инвестира во добар сон и дека меѓу другото, душекот на кој спиеме, навистина многу влијае на квалитетот на сонот и на нашата функционалност утредента.

Во рамки на оваа кампања, Дормео објави повик за 6 талентирани спијачи, односно луѓе кои спијеа вкупно 8 часа во некој од нивните салони, во гужва и под притисок. А бидејќи никогаш не е доволно (невообичаени и неочекувани) совети, ја искористивме нашата соработка со Дормео за да ги прашаме избраните спијачи да ни ги споделат нивните трикови за добар сон.

 

 

Александар спиеше во ГТЦ на Air Lux Plus душек

Александар Тодороски

Спиеше во ГТЦ на Air Lux Plus душек
Најчудното место каде што има спиено: Во парк после фестивал, на неколку концерти во МКЦ и сред концерт во Дојран.

„Неколку работи ми помогнаа да се припремам за овој спијачки маратон. Најпрвин, една цела ноќ се разбира не спиев, за да се осигурам дека ќе можам да спијам утредента 8 часа. Друго, пред спиењето, се напив чај од липа, кој верувам дека многу помага и би му го препорачал на секој кој пати од несоница. А ако чајот од липа не помага, правам 200 склекови и сонот е загарантиран (…сигурно :D).

Верувам дека многу работи влијаат на спиењето. На пример, секогаш е добро да се имаат активности во текот на денот. Трчање, фудбал, тенис, бркање покемони, не е важно. Покрај тоа, алкохолот, цигарите, кафето и јадењето тешка храна пред спиење мислам дека треба да се избегнуваат од сите што имаат проблеми со спиење.“

 

 

Кристина спиеше во Салон Дормео на IMemory Silver Душек

Кристина Таневска

Спиеше во Салон Дормео на IMemory Silver Душек
Најчудното место каде што има спиено: Во автобус и клупа во центар.

„Не ми беа потребни многу подготовки за овој маратон, всушност вечерта пред маратонот го направив истото што го правам било која вечер пред спиење. Тоа што мене секогаш ми успева и што секому би му препорачала е: лесен оброк минимум еден час пред спиење и физички вежби во текот на денот, кои не само што влијаат на општото здравје, туку и допринесуваат кон цврст сон.

Душекот, се разбира, има исто така голема улога во квалитетот на сонот. Душекот кој мене ми се „падна“ имаше одредена цврстина поради која се разбудив без никакви болки во вратот и грбот, кои често ги добивам кога спијам на меки душеци.“

 

 

Дарко спиеше сред Капитол Мол на Fresh Prima Душек

Дарко Масларковски

Спиеше сред Капитол Мол на Fresh Prima Душек
Најчудното место каде што има спиено: на тезга на пазар во Софија, Р. Бугарија, после концерт на Ву-Танг.

„Силно верувам во тоа дека сè е поврзано со исполнетост, расположение и стрес. Никаква атмосфера не ми пречи, дури ни уклучен телевизор цела ноќ, доколку успеам да заспијам задоволен со себеси и со позитивни мисли за наредниот ден. Најважно е да си го поминеш денот арно. Ако ти е денот тежок и стресен, треба да се измотивираш дека има многу денови сè уште за живеење. Вака по спиењето ќе се разбудиш со насмевка и благодарен за новиот ден.

Други работи кои имам забележано дека ми влијаат и допринесуваат кон добро спиење се: јадење на мало парче чоколадо или нешто друго благо (пример, млеко и бисквити), топол туш, масажа, и се разбира, водењето љубов. Исто така, избегнувам да легнувам со празен стомак – секогаш јадам неколку часа пред легнување.

Душекот на кој јас спиев е феноменален. Доволно беше тврд и мек во исто време. Некако како да се спојува со телото, па ти, душекот и перницата станувате едно. Кога сме кај тоа и перницата ептен ми го направи меракот.“

 

Comments

comments