Пријави се да бидеш еден од 6-те Дормео спијачи кои ќе бидат платени по 100 евра за да спијат 8 часа во еден од Дормео салоните во периодот 27 март до 6 април.

Ги знаеш текстовите што светските медиуми обожаваат да ги објавуваат со приказни за работите од соништата? Нашиот омилен е дефинитивно оној за дегустатор на кисели краставички, но некои би рекле дека најмногу се возбудуваат на оние за тестирање на луксузни дестинации за патување.

Епа, Дормео спрема нешто слично.

Пред неколку дена тие објавија дека се во потрага по 6 талентирани спијачи (здраво, во собава броиме минимум 3), кои во периодот помеѓу 27 март и 6 април ќе спијат еден цел работен ден (8 часа) во гужва и под притисок. Најдобро од сè? За исцрпната работа спијачите ќе бидат платени по 100 евра.

 

 

Ако се доживуваш себеси како квалитетен спијач и сакаш конечно да им докажеш на оние кои ти велеа дека со спиење до пладне нема никаде да стигнеш во животот – пополни го формуларот и пријави се да станеш Дормео спијач. Пријавувањето е отворено до 18 март, а избраните спијачи ќе бидат контактирани на 21 март.

 

 

Овој настан се одржува по втор пат во организација на Дормео, а по повод интернационалниот ден на спиењето, и е дел од кампањата „Зад секој успех, стои квалитетен сон“ која ќе трае во текот на целиот месец. Кампањата има за цел да го промовира ставот дека – иако спиењето се перцепира како пасивна активност, тоа има огромно влијание во тоа каква изведба како професионалци и како луѓе ќе имаме во текот на денот.

Сите кои се сложуваат со мотото на кампањата и веруваат дека спиењето игра активна улога во постигнување успех во животот, својата поддршка може да ја покажат преку објавување на фотографија од себе со маска за спиење, слична како овие кои денес ги направивме од нашиот тим.

 

 

Ти треба дополнителна мотивација за да се пријавиш (иако се сомневаме дека веќе не го направи тоа)? На овој линк може да погледнеш како изгледаше настанот кој се одржа во 2012.

 

Comments

comments