Фотографии: Моника Стојановска

 

Бендот Minstrel’s Gallery на 14.10.2017, од 12 до 16 часот организира акустичен настап/доручек надополнет со пржени јајца, греана ракија и многу забава, а подготвен од нивните другари на едно специјално брдо во населба Жданец.

За полесна организација, збирното место за настанот е ул. Девол 23б во 11.30 часот, односно пред куќата на гитаристот и флејтистот на Minstrel’s Gallery.

Инаку Minstrel’s Gallery e македонска музичка/визуелна/арт група формирана во 2013 година, чија музика е микс од многу музички правци и стилови, која и самите не знаат како точно да ја дефинираат. Доколку би се обиделе, нивната музика би ја опишале како микс од рок, џез, психоделичен рок, фолк, или можеби како некој вид на прогресивен арт-рок.

Minstrel’s Gallery се Виктор Танасковски (гитара, вокал, мандола, хармоника), Слободан Танасковски (флејта, синтисајзер, вокал), Даме Јовановски (бас, пропратен вокал и продуцент) и Кристијан Тодоров (тапани, ударни инструменти).

Во продолжение се неколку фотографии од претходните вакви собиранки одржани на истото место за пречек на пролетта и есента.

 

 

Comments

comments