„After the sun goes down and it’s getting dark and the red lanterns light up. That’s when i start.” – DJ Krush

Бев многу мал, цирка петто одделение, кога отидов на гости кај братучед ми, а тој седеше со неговите другари. Отсекогаш сакав да седам т.е. да дремам со тоа друштво. Тој ден слушаа некаква непозната музика за мене, која инстантно ми се допадна, па морав да прашам – „Што е ова?”.

Цела екипа едногласно ми одговорија дека се работи за еден многу зезнат јапонец, DJ Krushпионерот на јапонската хип-хоп музика и култура. Од истиот тој момент, па сè до денес, Krush ме фасцинира со неговото ненормално лудо скречување и е редовно присутен во моите музички плејлисти.

Hideaki Ishi, или попознат под уметничкото име Krush, е роден во 1962 година во Токио. Животниот пат му бил прилично трнлив и опасен. Неговиот темпераментен и избувлив карактер го доведуваат до членување во познатата јапонска мафија, Јакуза каде останува сè до денот кога за „поклон” добива исечени прсти на еден негов близок пријател.

Но хип-хопот му го спасува животот и игра пресудна улога во преживувањето на еден од моите омилени артисти. Најпрвин, љубовта кон хип-хопот му се јавува благодарејќи на филмот „Wild Style”, а следен чекор е неговото оформување на бендот наречен „Krush Posse”, преку кој се здобива со огромна слава низ Јапонија.

 

 

Во почетокот на 90-тите години, Krush ја започнува својата кариера како соло DJ. Инспириран од неговото откачено и шарено Токио (град кој морам да го посетам во блиска иднина) и неговиот ноќен живот, DJ Krush станува пионер на јапонската хип хоп култура.

Во 1994 година тој го издава својот прв албум под име „Krush” и од тогаш неговиот уникатен андерграунд хип хоп, трип хоп, џез звук со јапонски шмек, буди интерес не само во Јапонија, туку и низ целиот свет. Скоро и да не постои албум кој тој го издал, а да не се најде помеѓу најдобро рангираните во Јапонија и општо во светот. Ако мора да издвојам еден албум, тоа би бил неговиот 6-ти по ред и мој омилен, „ZEN”, кој има добиено награда за најдобар електронски албум во 2002 во САД.

Денес, на свои 54 години, DJ Krush е инспирација за младите генерации. Тој неуморно продолжува со својата работа и издавање на нови албуми и проекти во улога на продуцент и DJ.

Стисни плеј на било кој од албумите подолу и добредојде во светот на Krush. Аригатo ми лејтр.

 

 

 

Најдобриот!

 

Comments

comments