Емоција: Моќна експресија на женската сила и непробојност
Поетеса:
Warsan Shire

Кога за првпат го слушнав годинешниот албум на Beyonce, Lemonade, страшно се возбудив за поезијата која таа ја рецитира пред секоја песна. Верувам дека поради сета таа вибрација, албумот ја доби таа нитка на субјективност и преблиску „дојде” до многу жени.

Нормално, веднаш побрзав да видам кој е авторот, верувајќи дека се работи за еден човек. Си реков, зад толку крваво страсна и егзактна поезија не можат да стојат повеќе автори, бидејќи интимната поезија е субјективна категорија.

Дознав, се работи за сомалиска феминистка, која е родена и живее во Лондон, градот кој во октомври 2013 година и подари награда за Млад поет – лауреат за Лондон.

 

 

Доколку очекуваш романтична љубовна поезија, воопшто не ја ни барај. Warsan Shire е жена чија поезија се чита на тмурен ден, кога ти се пие чај со рум и си расположен само за седење по дома.

Таа пишува за страдањата и за најдлабоките стравови на луѓето околу неа, со фокус на борбата која жената ја води со себе и со општеството, како и за бегалците и луѓето кои го изгубиле својот дом, но не и својот идентитет.

Taa e уредник за секцијата за поезија во Spook Magazine, а пред да биде прогласена за лауреат, ја добила првата Африканска награда за поезија од Bronel University.

Ако случајно планираш да го слушаш Lemonade, слушај го како што е ред, од почеток до крај, а не селективно песна по песна, бидејќи единствено така ќе можеш да ја доловиш убавината на поезијата, која носи своја прогресија од почеток до крај.

 

Comments

comments