Албум: Ardipithecus (2015)
Песна: „Female energy
Емоција: Храбра и остра женствена енергија

Ова девојче, на нејзини 15 години, издаде свој музички албум. На албумот, од вкупно дванаесет песни, на единаесет се јавува како текстописец, а на десет песни како композитор. Слушни го албумот и ќе ти стане јасно зашто ме остави со подотворена уста. Текстовите на песните се поприлично напредни за нејзини години, а алтернативниот R’n’B ритам само додава на убавина.

Инаку, Willow е ќерката на Will Smith и Jada Pinkett Smith. Да бидам брутално искрена, во првиот момент бев тотално вџашена од нејзината креативност и напредност, а кога дознав кои и се родители, си помислив: „Па да, сигурно најмиле опасен тим на професионалци, па затоа сево ова така добро звучи”.

 

 

Имам некоја навика кога ќе откријам нов артист, задолжително да му „ѕирнам“ некое интервју или пак некој видео запис, каде човекот вербално се искажува, па на тој начин да оценам каков нарав има. Токму тоа го направив и со Willow. На крајот останав зачудена од начинот на кој е воспитана и од нејзиниот вокабулар. Нејзиното его е толку ниско, со оглед на тоа дека е растена во високи кругови, за сметка на духовноста, која очигледно мама и тато и ја развивале од млади години. Willow е преполна со сирова енергија, која е толку еклектична и која допрва ќе се развива.

 

Comments

comments