Од 12 до 14 октомври во НУЦК „Браќа Миладиновци“, Струга, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“, ќе се одржи второто издание на Drim Short, фестивал за краток филм. Селектор на официјалната програма е Иван Бакрач.

На годинешната програма на Drim Short Film Festival ќе бидат прикажани кратки филмови од неколку македонски режисери, меѓу кои „Доаѓаат од центарот на светот“ и „Без љубов“ во режија на Дина Дума; „Мишко“ во режија на Ханис Багашов; „Долорес“ во режија на Радован Петровиќ; „Почеток“ во режија на Агим Абдула; „Црно и бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева и многу други.

Од интернационалната програма ќе бидат прикажани: „O noapte in Tokoriki“ во режија на Роксана Строе; „Pupanje” во режија на Дора Шустиќ „Tranzicija“ во режија на Милица Томовиќ; „Prima Noapte“ во режија на Андреи Танасе и многу други.

 

 

А освен филмски проекции, на Drim Short Film Festival ќе се одржат мастер класови со режисерот на „Исцелител“ Ѓорче Ставрески и со реномираната косовска актерката Аурита Агуши. Исто така, предвидена е и гостинска програма со МакеДокс Докуникулци, како и студентски пичинг форум.

За крај, на фестивалските денови (петок, сабота и недела) по филмските проекции ќе се оддржи ОФФ програма во Хангар во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга, со Томче Рут Бој и Мирко Попов; Herzel и ogie.  

 

Comments

comments