Фотографија: Ванчо Џамбаски

 

Од 6 до 9 септември, во Музејот на современа уметност ќе се оддржи третото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“.

„Идентитетот како претстава“ е главна тема на овогодинешното издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“. За изборот на идејата и главната тема на фестивалот организаторите изјавуваат:

„Главната фестивалска тема, „Идентитетот како претстава“, ја избравме, меѓу другото, и за да дадеме придонес во кампањата која во септември ќе биде актуелна кај нас, пред референдумот за промена на името на државата и за влегување во ЕУ и НАТО. Несомнено е дека нашите позиции, и како поединци и како фестивал, се проевропски и во насока на поврзувања, регионални и глобални. Се разбира и дека нашата позиција е повеќе културно-уметничка отколку политичка, но преплетот на тие позиции некогаш е неизбежен, а некогаш и продуктивен. Темата, се разбира, е многу поширока и опфаќа уметнички, родови, медицински, филозофски, естрадни и други аспекти.”

 

 

Учесници на фестивалот ќе бидат триесетина писатели и теоретичари од регионот и од нашата земја. Своето учество досега го потврдија следниве учесници од регионот: Оља Савичевиќ Иванчевиќ, Сибила Петлевски, Радмила Лазиќ, Марко Погачар, Шпетим Селмани, Биљана Космогина, Енес Халиловиќ, Драган Протиќ, Дејан Илиќ, Иван Димитров, Даница Вукичевиќ, Петра Митиќ, Стефан Бошковиќ, Тања Ступар-Трифуновиќ, Стефан Митиќ, Станимир Панајотов и Инга Жолуде.

Специјален гостин на фестивалот ќе биде белградскиот поп електро бенд ЕПП.

 

Comments

comments