После неверојатниот успех на „Не сум твој тип“ (500.000 views!!!), „Тело за на ТВ“ е најновото нешто од Дупер.

Музика, текст и аранжаман се на Дупер, снимање и мастеринг на XL Студио Момироски и режија на Томи Акимовски.

Спотот за „Тело за на ТВ“ е снимен за два дена, на повеќе локации низ Скопје. За повеќе инфо решивме да ги прашаме Дупер кои изјавија:

„Сите песни од албумот што следува се поврзани во една љубовна приказна. „Тело за на ТВ“ е само дел од таа приказна. За значењето позади песната нема да зборуваме, ќе ви оставиме вам да толкувате. Следно за ДУПЕР е нашиот прв настап во живо на 6 октомври во МКЦ. Исто така, очекувајте многу нови песни.“

 

Comments

comments