Доделуваме 4 карти (два пара по две карти) за настапот на DVS1 во Сектор. Повеќе инфо тука.

 

Утре (12 јули) со почеток во 23.00 часот во Сектор, во организација на Neuland и Сектор, ќе гостува еден од највозбудливите диџеи и продуценти на денешницата, американската електро сила со руски корени, DVS1.

За да биде возбудата уште поголема, истиот ден, на истиот тој подиум и во исто време ќе се случи прослава по повод 18 години од основањето на Balance, музичката продуцентска куќа заслужна за легендарната забава со Derrick May, која се случипред точно 18 години во Охрид, на плажата Градиште.

DVS1, односно Zak Khutoretsky, е роден во Минеаполис, Америка, со руско-американски корени. Активно започнува да се бави со диџејствување во 90-тите, во зенитот на постоењето на рејв сцената. Првично се заразува со електронската музика во своите тинејџерски денови со првата приватна електро журка во неговиот живот, а подоцнежното организирање на илегални забави во Миенаполис го обележуваат како еден од најинтересните активни диџеи на сцената.

Од тој момент DVS1 го гради својот имиџ како диџеј кој негува тврд и енергичен звук, поседува разновидна палета на диџејски способности, преферира хардкор настапи и не поддржува креирање на ремиксови од веќе постоечки траки.

 

Zak Khutoretsky со неговата колекција од преку 30.000 плочи

 

Тој денес е горд сопственик на клуб и дискографска куќа, страствен креатор на саунд системи и резидент диџеј во Berghain и Panorama Bar. Неговата колекција од преку 30.000 плочи зборува за неговата посветеност кон хаус и техно звукот.

Изминатите години тој беше препознаен од техно великаните од типот на Derrick May и Ben Klock, па набргу неговата продукција се најде на нивните издавачки куќи, Transmat и Klockworks.

По овој успех, DVS1 ги креира лејбловите Hush, платформа исклучиво за неговата продукција, и Misstress, која е синоним за модерен техно звук со изданија на артисти како Oscar Mulero, Steffi, ROD, Mark Broom, Steve BIcknell и др.

Во четврток благодарение на Neuland и Сектор 909, ќе имаме прилика да уживаме во диџеј сетот на DVS1, а за тоа што може да очекуваме од неговиот настап, единствениот начин да дознаеме е да се појавиме во четврток во Сектор.

Локална подршка за овој настан ќе биде еден од основачите на промотерската организација Balance, DJ Самоил Радински.

Билетите се во претпродажба во Излет, Кино Карпош, Винил и Синдикат по цена од 300 денари. На влез 300 денари до 01:00 часот, а после 01:00 часот 500 денари.

 

Comments

comments