NeulandNights продолжува утре (четврток, 27 септември) со „Echo“.

Концептот на настанот е дело на Ирена Милојеска, Христина Секулоска и Симона Тасевска, кои благодарение на Neuland сега имаат прилика повторно да го формираат тимот и креативно да се изразат преку арт инсталација која ја изработуваат за настанот. 

Ирена Милојеска и Христина Секулоска се по професија архитекти, како дуо се познати под името „Хима“, а најпознати се по инсталацијата „Space Installation 0.01“ со која се претставија на Паратисима 2016. Симона, третиот член на тимот, е графички дизајнер во Reborn, а од индивидуалното професионално искуство ги издвојува проектите „Ab Aeterno“, „Reactor“ и едноминутниот филм „How to eat ice cream in a room full of man“.

 

 

„Echo“ е репетитивна експресија на едно атипично сценарио во веќе познат простор. Инсталцијата ќе создава континуирано ехо од мали сцени, кои ќе ја променат визуелната перцепција на структурата на просторот и ќе понудат спектар на просторни искуства.

Настанот ќе се одржи во Излет со почеток во 21.00 часот, а за музиката ќе биде задолжен DJ Сашо Узун.

 

Comments

comments