Додека ти го поминуваш денот на пост-продолжен-викенд начин освестувајќи се дека е четврток, а не понеделник, ние сентиментално ги листаме низ глава изминатите година дена.

Невозможно е да се избегнат клишеа во пишувањето на искрен текст како што е овој, а нема ни да се потрудиме (толку многу сме разлигавени во моментов).

Слично како тинејџерките и нивните списоци со бивши дечковци, седнавме и го составивме нашиот. Не од бивши (тој може подоцна), туку од сите работи што ни ја обележаа оваа прва година постоење. Не поминавме ни 5 точки кога сфативме дека сите тие не се уствари работи, туку луѓе. Луѓе кои да не беа, нашиот список и нашата прва година ќе мораа да останат празни.

Идејата со која почнавме е изградба на заедница. Поточно — на платформа врз која подоцна ќе може заедницата сама да се изгради. Платформа каде секој ќе посака да се приклучи и каде заедно ќе работиме кон разбранување на културата.

Денес, сакаме да веруваме дека овие 100ци точки на нашиот список го потврдуваат токму тоа. На најискрен и брутално емотивен начин им благодариме на сите кои беа и кои остануваат дел од Reborn приказната.

 

Започнавме со June, на кров од зграда

1. June-12. June-2

 

Го пробавме кафето на Nomad

2. Nomad-12. Nomad-2

 

Пиевме пиво со Новиот Почеток

3. Noviot-Pochetok -1

 

Ги носевме S.ignature патиките на Сатја

4. Satja-24. Satja-1

 

Бевме на изложба на Flim

5. Flim 7-26 (7)

 

Стримавме од De:sonanz 2015

6. Desonanz-26. Desonanz-1

 

Ги шетавме скопските улици со Ruki

7. Ruki-27. Ruki-1

 

Бевме на час по миксологија во Speakeasy

8. Speakeasy - 18. Speakeasy - 2

 

Научивме како да се одбраниме со Давид

9. David-19. David-2

 

Муабетевме со Марко Манев за илустрациите и животот во Лас Вегас

10. Marko-310. Marko-1

 

Ги слушавме Mash Radio

11. Mash-211. Mash-1

 

Јадевме сладолед од Радост

12. Radost-112. Radost-2

 

Готвевме со Missy Onion

13. Missy-2 13. Missy-1

 

Ја направивме првата Reborn забава во Излет
14. Izlet - 114. Izlet - 2 14. Izlet - 3

 

Јадевме бомбици од Vega

15. Vega-1 15. Vega-2

 

Научивме нешто за глината од Doppio M

16. Doppio-1 16. Doppio-2

 

Се сликавме со феноменалните дрвени очила од Wonderlust

17. Wonderlust-1 17. Wonderlust-2

 

Бевме на Fashion Weekend Skopje

18. FWSK - 1 18. FWSK - 2

 

За момент помисливме дека сме џезери со Fierce

19. Fierce-1 19. Fierce-2

 

Ја направивме втора забава, овој пат во Sektor 909

20. Sektor-1 20. Sektor-2

 

Шетавме по дожд со Ind.Og

21. Ind Og - 1 21. Ind Og - 2

 

Го ѕирнавме студиото на Ирина Тошева

22. Tosheva-1 22. Tosheva-2

 

Ги запознавме дечките од Detchko Tzar

23. Tzar-1 23. Tzar-2

 

Бевме на проба на Тони Зен и Флека

24. Fleka-1 24. Fleka-2

 

Се заљубивме во куќите на Ване Костуранов

24. Vane - 1

 

Го преслушавме деби албумот на Black & Vice Social Club

25. Black Vice - 1

 

Скејтавме по студот со С.А.М

26. SAM-1

 

Се качивме на бина на Земјотрес 4

27. Zemjotres

 

Пиевме вино со Јована Филиповиќ

28. Jovana-128. Jovana-2

 

Си купивме постелнини од Simple.

29. Simple

 

Го посетивме тату студиото на Симон

30. Simon - 1

 

Решивме дека кога ќе ни дојдат гости од странство, ќе ги сместиме во Lounge Hostel

31. Hostel-1 31. Hostel-2

 

Бевме во црно-белиот свет на Катја Штркова

33. Katja

 

Го гледавме „Џган” на Вардан Тозија

34. Vardan-1

 

Го дефиниравме универзумот со Нина Геометриева

Copy-of-nina

Игравме Small Star Empires со Милан Тасевски

35. Small-star-2 35. Small-star-1

 

Се дружевме во дворот на Flim

36. FLIM

 

Се случи и првата епизода на Reborn Ликови (со Јана Петровска, Андреј Клинчаров, Ана Марија Матеја Радосављевиќ, Јанко Смилевски и Ивана Павлаковиќ)

 

Девојките од Преплет ни готвеа палачинки

39. Preplet - 1 39. Preplet - 2

 

Се фасциниравме од инсталациите на Никола Узуновски

40 - Nikola Uzunovski

 

Дознавме сè за модата, архитектурата и 3D принтањето преку колаборацијата на Ирина Тошева и Никола Кунгуловски

41. Nikola Irina - 1 41. Nikova Irina - 2

 

Посетивме неверојатни домови со Smart Living

42. Smartliving

 

Го снимивме нашиот прв спот (со Eurotrvsh, Aqua Dance Crew и Kariera Plus)

43. Eurotrash copy

 

Се дружевме со Mooger Fooger

44. Mooger FOoger - 1 44. Mooger Fooger - 2

 

Шкртавме по ѕидовите на напуштени фабрики со Мачка, Драш и СРК

45. Machka - 1 45. Machka - 2

 

Го објавивме првиот гостински напис од професорот Стефан Сидовски – Сидо

46. Sido

 

Се случи Reborn Ликови #2 (со Сара Миленкоска, Ивица Димитријевиќ, Алек и Маришка Величковиќ и Вишко)

47. Re Likovi 2 - 1 47. Re Likovi 2 - 2

 

Ја фоткавме Ангела Aка Блажева

48. AKA 1 48. AKA 2

 

Ги ислушавме прекрасните совети за летни фестивали на Ана Ежова

49. Ana Ezova 1 49. Ana Ezova 2

 

Ја дознавме прекрасната инсталација на Христина Секулоска и Ирена Милојеска

50. Hristina 1

 

Се дружевме со Натали Башоски и Давид од Project Orpheus

51. David 1 51. David 2

 

Се возевме со cafe racer-ot на Дарко Христов (Monozero)

52. Monozero 1 52. Monozero 2

 

Го објавивме првото интервју од Амстердам со Таби Азири

53. Tabi

 

Пробавме Индонезиска кујна во Public Room

54. Indo Kitchen -1 54. Indo Kitchen-2

 

Се случи и Reborn Ликови #3 (со Јована Зука, Зоран Кардула, Дениз Абдула, Dreadpen и Ана Јакимска)

55. Re #3 - 1 55. Re #3 - 2 55. Re #3 - 3

 

Пуштавме музики со Гоце SAF

56. Goce SAF 1

 

 

Луѓе и компании/организации кои нема да заборавиме колку ни помогнаа: Лилјана Пецова – Илиеска, Маја Даминовска, Елена Героска, Андреа Јамакоска, Никола Кунгуловски, Pogon Collective, Мирко Попов, Калин Марковиќ – Масниот, Виктор Николовски, Бисера Гиновска, Андреј Анчевски, Мартин Каначевич, Владимир Неделковски, Зоран Андоновски, Љиљана Цекиќ – Лазоровска, Виктор Арсовски, Тања Џамбаска, Сергеј Георгиев, DJ Ulterior, Џолев и уметностите, Ерина Богоева, Окно, NovaTV, Kariera Plus, Aqua Dance Crew, Public Room, Revoshot, Иван Ивановиќ, Изабела Андонова, Јанко Смилевски, Огнен Узуновски, ДЏ Вишко, Скопје Филм Фестивал, Зориа Петкоска, Fashion Weekend Skopje, Јована Зука, Иво Павловски, Зоран Кардула, Fashion Group, VIP, Златен Даб, Dormeo, Smart Living, Скопско

Ги обожававме и засекогаш ќе ги обожаваме нашите фотографи: Мартин Пацов Саровски, Лилика Стрезовска, Елена Фиданска, Александра Костадиновска, Елена Героска, Aни и Дими

 

 

Comments

comments