Му се предадов на сако-трендот.

Бев силна минатата есен, реков – „не се предавам на трендови толку лесно“ и преживеав без сако. Оваа сезона, признавам, попуштив. Првин мислев дека сум паметна и дека не вреди да се инвестира во нешто што догодина ќе биде заборавено од светот, осамено во темниот дел од плакарот, веднаш до фустанот од матура. Но еве сме, година дена подоцна, и сивите (карирани) сакоа не ни планираат да ги напуштат слабите раце на блогерките што ги манијачиме на Инстаграм.

Во продолжение се 3 комбинации со истото сиво сако кои ги направивме од последната колекција на пријателите од Springfield. Со огромен мантил одозгора или без, успеав да си оправдам (и да споделам), дека oversize сако нема толку лесно да ни здосади.

 

Главен актер: Црни чизми до глужд
[Сако; Фустан-кошула; Ташна; Обетки; Чизми]

 

 

 

Главен актер: Ташна за на половина
[Сако; Црвена кошула; Патики; Ташна за на половина]

 

 

 

Главен актер: Зелени панталони до глужд
[Сако; Ташна; Чизми; Панталони]

 

 

Comments

comments