Дизајн на плакат: Игор Делов

 

Од 19 до 23 ноември во три кино сали низ Скопје (Кино Милениум, Кино Фросина и Џебно Кино, МКЦ) ќе се оддржи деветтото издание на „ЕХО“, фестивал на планински филм.

ЕХО е четиридневен непрофитен фестивал (влезот за сите проекции е бесплатен), кој успева да ги собере на купче љубителите на природата, филмот и активностите поврзани со природата. А доколку сакате да дознаете нешто повеќе за идејата на фестивалот, прочитајте го интервјуто со еден од основачите и организаторите на ЕХО, Александар Зарапчиев.

 

 

Водејќи се по планинарско-љубовната максима „наместо да запознаеш дечко или девојка во диско, запознај ги на планина“, овогодинешната програма на ЕХО фестивал на планински филм опфаќа 2200 минути филм, 4 презентации (од претставници од 20 земји) и многу дебати и муабети поврзани со адреналинските планински спортови, како алпинизам, скијање, екологија, велосипедизам, фотографија, параглајдерство и спелеологија.

Целосната програма на фестивалот е достапна тука.

 

Comments

comments