До пред неколку години (повеќе накај 10) често знаевме да кажеме дека Скопје не само што го обожаваме, туку е навистина убав град.

За жал таа приказна исчезна моментот кога го изгледавме Скопје 2014 промо видеото, па изјавата моравме да ја скратиме така да заврши со „…без разлика на што, Скопје си е наше и секогаш ќе го обожаваме“. Но се разбира, иако редовно ги менуваме рутите на движење за да ги избегнеме овие нови делови од градот, среќни сме што сè уште меѓу нив се останати и од оние старите добри градби со карактер.

Авторот на фотографиите во галеријата подолу е Енес Север, кој моментално ги завршува своите постдипломски студии по архитектура на Politecnico di Milano во Италија. Неговиот проект наречен „Contrast Delusion“ е негово второ дело кое портретира визија, конкретно едно критичко размислување, на град кој е целосно мутиран.

Интересно да се напомене е тоа што сите архитектонски градби, дела на некои од најдобрите архитекти во светот, кои Енес ги користи во фотографиите, се добитници на престижната Pritzker награда, која често е дефинирана како „Нобелова награда во полето на архитектурата“.

 

 

 

 

 

Comments

comments