Мајка на 47 деца, кралица на ромската музика, обележје на Скопје и Македонија, и последно нешто од Есма Реџепова — нејзиниот настап на, слободно можам да кажам, една од најдобрите радио станици во светот, KEXP.

Мајка Есма не престанува да изненадува. Сосем случајно налетав на видеово, споделено на Facebook од еден мој пријател (поздрав Фијо), го погледнав, го слушнав, за сега да го ре-споделам со тебе.

За сите кои сè уште не ја разбираат тежината на ситуацијата, KEXP е сè-само-обична-не радио станица. Станува збор за платформа која успешно пружа константна можност за запознавање и промоција на квалитетни нови и сè уште не докажани артисти, а и на оние веќе етаблираните во музичкиот свет. Јас, на пример, токму преку оваа радио станица дознав за GusGus, Vök, Phantogram, Tycho, и ред други.

 

Comments

comments