„Ништо не е оригинално“, вели Kirby Ferguson, продуцентот на „Everything is a Remix“. Од George Lucas до Bob Dylan и Steve Jobs, многу од најпознатите светски уметници, музичари и иноватори позајмуваат, „рециклираат” и крадат.

Ако се уште важи правилото дека добрите уметници крадат, а лошите имитираат, тогаш зошто моќта на продуцентските куќи и бројот на тужби за повреда на авторски права е поголем од било кога?

Постои ли сè уште дилемата дека за нешто да биде добро – неопходно е да биде оригинално? Без разлика дали станува збор за уметност или технолошки пронајдоци. Пред одредено време ја достигнавме точката кога моравме да се сложиме дека шансите за произлегување со нешто чисто и уникатно е невозможно, но сè уште сме себични кога станува збор за нашите креации.

Kirby Ferguson, им пркоси на модерните размислувања за интелектуалната сопственост и објаснува дека тие ја задушуваат креативноста, наместо да ја негуваат.

 

Еве целосна верзија од документарецот (видеото погоре е само првиот дел).

 

Comments

comments