На 22 и 23 март, во фоајето на Македонската опера и балет, по трет пат на едно место се обединија брендови од областа на мебелот, дизајнот на ентериер, модата, кафето и исклучителните пијалоци.

Програмата и оваа година беше распределена на неколку сцени. Во EXPO делот посетителите имаа можност да погледнат и дознаат што е најново од она што го нудат lifestyle брендовите во Македонија. Интерактивните сцени пак, MAIN STAGE и CREATIVE HALL, понудија едукативни презентации и работилници за посетителите.

Fashion & Lifestyle Expo, под мотото #TER, ја навести новата сезона преку креативните индустрии, модата, најновите трендови, вкусните коктели и звуците на Dj Boogieman и Dj Zoki Bejbe.

Каква навистина беше атмосферата на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo, најдобро ќе ви доловат фотографиите.

 

Comments

comments