На 22-23.03.18 во Македонска опера и балет ќе се одржи третото по ред издание на Fashion & Lifestyle Expo. Во продолжение се повеќе информации за програмата на настанот.

Fashion & Lifestyle Expo ’18 и оваа година на едно место ги собира брендовите и компаниите чии производи, дизајни и услуги се стремат да го постигнат врвен квалитет и уникатен дизајн.

Во изложбениот дел ќе можете да погледнете автомобили, парчиња мебел, ексклузивни бањи и креативни решенија за уредување на ентериер, рачно изработен, уникатен луксузен накит, аксесоари и многу други ствари.

Оваа година во излжбениот дел учествуваат: Гемак, Скопско Smooth, Timeless, Twelve, Jo.An, Alshar, Cekic Filigran, Македонски рубин – Деко, Rivedil, Pierre Cardin Home, Тимст, Rubinettino, Преплет, ITA Brand, Ксантика, Каталеја, Atelje Marjak, Гоца Каникова, Нина Нинеска, DOGO, Бреинобреин, Smart Living, Iskra & Lidiya, Kia Motors, Tesori DI Mare, Lotus Lounge Chair, Luxin, Inglot Cosmetics, а повеќе за секој од нив можете да дознаете на овој линк.

 

Инсерти од минатогодишниот Fashion & Lifestyle Expo

 

Гемак и Skopje Cocktail Week ќе подготват коктели, а СКОПСКО Smooth ќе ви овозможат сами да дизајнирате маичка.

Дневната програма и двата дена започнува во 15.00 часот. Активностите ќе се случуваат на неколку активни сцени, вклучувајќи ја и изложбената поставка. Вечерната програма започнува со отворањето во четврток (22.03.2018) во 20.00 часот, со најдобрите коктели од Skopje Cocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата „Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.

Во петок (23.03.2018), вечерниот дел ќе започне со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, делата на Rivedil, модното шоу на ALSHAR за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружи Диџеј Зоки Бејбе.

И оваа година во Beauty Bar, посетителките на настанот ќе имаат можност да се разубавуваат со бесплатни козметички третмани, шминка и фризура, неврокозметиката и органската козметика, а најсреќните ќе добијат и поклони.

Creative Hall и оваа година ќе понуди бројни креативни работилници и презентации каде ќе имате можност да совладате нови вештини и сами да изработите уникатно парче. Пријавите се отворени на овој линк.

За целосната програма, распоредот и учесниците следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

 

 

Comments

comments